Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство за организиран криминал: Копија од распитот беше доставена само во Кривичниот суд

0
By Соња Петрушевска on August 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Вилма Русковска ја потврдува веродостојноста само на првата слика  од објавениот записник, но останатите заклучоци и коментари на авторот нема да ги коментира – изјавија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за НОВА.

Слика од документот објавен на Инфомакс

Порталот Инфомакс објави копија од Записник од распитот на Камчев од 2 мај 2019 г. во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Објавена е копија од само една страница од документот, а во текстот на порталот се пренесуваат и делови за кои исто така се тврди дека се од документот, но нивната содржина не може да се провери, зашто е објавена само копија од првата страница.

Од Обвинителството истражуваат од каде протекол документот – бидејќи како што соопштија „откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело“.

Од Обвинителството за организиран криминал за НОВА изјавија дека копија од записникот од распитот на Камчев бил доставен до Кривичниот суд.

„Оригиналните списи од предметот ги поседува  Обвинителство за организиран криминал, а копија од нив беше доставена само до Судот“ потврдија од Обвинителството.

Објавениот документ не  е оригинален, туку е копија.

„Со протекување ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката, наведоа во писменото соопштение од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителство: Со протекувањето документи се отежнува постапката и се загрозуваат животи

НОВА побара коментар и од претседателот на Суот Џолев, но до овој момент тој не одговори.

Во објавената копија  може да се прочита дека Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев, Боки 13 донел „тип на договор кој беше потпишан од директорот на таа компанија за франшиза, а тоа е синот на обвинителката Катица Јанева“. Камчев вели дека му биле побарани 4 милиони евра за „ноу-хау“ и дека тој сфатил оти станува збор за фиктивен проект, па го одбил.

Следувал и втор обид од Јовановски, овој пат да му продаде „ексклузивна лиценца за старечки домови, од некоја европска асоцијација“, за која Камчев би добил ексклузивитет за територијата на Скопје.

„Јас сфатив дека се работи за земање рекет од страна на Бојан, затоа што тој претходно веќе измамил двајца луѓе со истиот договор за лиценца за старечки домови“, се цитира Камчев во објавениот Записник и притоа наведува дека мисли на Силјан Мицевски од Битола и роднина на Фијат Цаноски од Струга.

Во текстот на „Инфомакс“ има и други цитати од Записникот, но нивната содржина не може да се провери зашто е објавен факсимил само од првата страна на документот.

Од Кривичниот суд не сакаат да ги коментираат наводите од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција дека копија од записникот од распитот на Камчев, а кој беше објавен во јавноста бил доставен до Судот.

Од таму за НОВА велат дека очекуваат истрагата да покаже како документот протекол во медиумите.

„Истрагата треба да покаже дали записникот протекол од некоја институција која го имала документот по службена должност, како што се Обвинителството и судовите, или од некои од лицата инволвирани во случајот“, велат од Судот. Оттаму додаваат дека без оглед од каде протекле документите, ако биде откриен, сторителот ќе одговора за оддавање службена тајна по член 360 од Кривичниот Законик.

„Добро е да се открие кои се мотивите за ваквите објави и кој има корист. Истрагата нема сигурно“ коментираат од Кривичен за НОВА .

Премиерот Заев и министрите Шеќеринска, Димитров и Ременски најавија тужба против порталот за клевета.

Заев најави тужба за клевета: Ни јас ни високите функционери не сме вмешани во „Рекет“

„Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис, рече Заев.

На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.

Во случајот Рекет кој го води обвинителката Вилма Русковска досега се осомничени три лица и за сите е одреден притвор: Бојан Јовановски, Зоран Милевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката Руковска најави дека истрагата ќе продолжи. „Ќе видиме каде ќе не одведе – кажа обвинителката  Русковска  откако Кривичниот суд на  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и  одреден притвор.

Таа исто така најави дека продолжува и финаниската истрага за Рекет и дека во овој момент не се знае колку пари од рекетот точно завршиле кај Јанева.

 

 

Јанева обвинителство Рекет Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.