Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очевидец за тепањето на Села: Го маскиравме во полицаец и го изнесовме

1
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 13:04

На денешното рочиште за обидот за убиство на Зијадин Села во Собранието сведок во исказот пред судот опиша како Села бил евакуиран.

Тој објасни дека кога го изнеле од прес-центарот го однеле во Клубот на пратеници, каде го прегледала медицинска сестра која рекла дека е тешко повреден и дека е можно да има крварење поради што морало итно да се повика помош.

-Се јавив во Брза помош, од каде ми рекоа дека четири екипи се пратени, ама луѓето не им давале да влезат па ми рекоа да се снаоѓаме, рече сведокот.

Тој раскажа дека го пресоблекле Села и му го измиле лицето.

-Тогаш првпат му го слушнав гласот. Почна да офка и да кажува каде го боли. Постојано влегуваа луѓе и викаа: „Жив ли е, маме му ебам“. Тогаш реков дека мораме да го преместиме бидејќи не е безбеден, истакна сведокот.

Тој појасни дека со помош на обезбедувањето преку прозорец и скали за евакуација го изнеле Села и повторно го внеле во Собранието, но на катот кај канцелариите. Откако наишле на една отклучена канцеларија, го засолниле внатре. Таму сведокот и обезбедувачот Фета барале помош за да се евакуира Села.

Како што раскажа сведокот, тој се јавил на свој пријател Албанец, замолувајќи го за помош, при што пријателот му рекол дека ќе се јави кај свои пријатели во МВР.

– По еден час ми се јави пријателот и рече за пет минути ќе дојде полиција и ќе тропнат пет пати. Така и беше. Кога влегоа ме прашаа што барам тука. Јас објаснив, а истото го потврди и министерот Никола Тодоров, кој им рече дека помагам, рече сведокот.

Тој појасни дека го маскирале Села во полицаец, му дале значка и му врзале црвено-жолта трака на раката.

-По 40 минути ни дадоа маски за дишење, го фативме Села кој беше ставен на носилка и го изнесовме, рече сведокот.

Сведокот денеска препозна четворица од десетте обвинети. За еден од нив, викан Тошта посочи дека застанал кај главата на Села и се обидел да ги спречи понатамошните удари и да вика „немојте бе луѓе, застанете“.

– Имав впечаток дека некој треба да се убие таа вечер. Ако примеше Села уште некој удар сигурно ќе беше мртов, рече сведокот.

Сведокот очевидец на насилствата од 27 април, кој е вработен во едно јавно претпријатие рече дека му се јавиле оти тој ден се влегува во Собранието и треба да отиде. По настанот бил деградиран, а дел од колегите и претпоставените, како што рече, го омаловажувале зошто помагал да се спаси Села. Бил деградиран, од работа во дирекција го испратиле да работи на патарина и секој месец го префрлале на различни патарини.

евакуација Села. 27 април судење Тепање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.