Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска нема веќе замрзнати цени на основните прехранбени производи

0
By Biljana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 1, 2022 10:55

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата.

Истовремено, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок.

„Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените“, вели Бектеши.

Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите.

„Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава“, порача Бектеши.

Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало.

Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.

„Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци“, велат од компаниите.

Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

Извор: МИА

замрзнати цени Министерство за економија Прехранбени производи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.