Младиот лев бек на Вардар, Филип Антовски (18) со трансфер во Динамо Загреб. „Црвено-црните“ ќе добијат 25.000 евра за тинејџерот кој во прво време ќе настапува за Б тимот на „модрите“.
За репрезентативецот на Македонија до 19 години бил заинтересиран и вечниот ривал на тимот од „Максимир“, сплитски Хајдук. Според порталот „Спортске новости“ пресудила желбата на Антовски да заигра во најтрофејниот хрватски клуб иако понудата за неговите услуги од „Пољуд“ била побогата.