Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од идната недела апликација за следење на луѓето кои имале контакт со заболени

0
By Нова ТВ on April 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: arabnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нaјавената апликација за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице ќе биде активирана следната недела. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски информира дека со неа ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои самите ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

„Апликацијата ќе ги чува личните податци на граѓаните до одреден временски период и тие ќе се следат во наредните 14 дена. Во случај некој да се заразил ќе му бидат барани апликациските броеви. Ова е неинвазивна метода, ние помогнавме во технолошкиот дел. Доколку граѓаните не ја симнат апликацијата, нема да има ефект. Ваквата апликација во Сингапур дала многу добри резултати, а ние сме една од ретките земји во Европа која ќе ја користи. Не треба да има стравување за податоците бидејќи старите податоци по 14 дена се бришат“, изјави Манчевски на брифинг со новинарите кој се одржа во Владата преку видео врска.

Тој објасни дека  доколку некој се зарази, тогаш преку неговиот број може да се најде секој кој бил во близина со заразениот во последните 14 дена. Се спаруваат добиените броеви со мобилните броеви на луѓето кои во последните 14 дена биле во контакт. Овој податок е многу битен за епидемиолозите кои вака лесно можат да ги најдат лицата кои биле во близина на заразениот.

„Немаше да мораме да користиме оваа апликација доколку луѓето беа искрени“, рече Манчевски.

апликација граѓани Дамјан Манчевски Коронавирус Следење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.