Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од МВРО во ВМРО: како партијата се погрижи за Јанкулоска

3
By Нова ТВ on November 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таа беше фунционерот чиј глас најмногу се слушаше во таканаречените бомби од прислушуваните разговори кои минатата година беа пуштани од опозицијата на прес конференции. Преживеа апсења на новинари, синдикални лидери, масакрот на „Смилковско“, тепање пратеници во Собранието од страна на полицијата за време на носењето на буџетот, тепање демонстранти на мирни протести. Накусо, преживеа девет години во извршната власт и често беше обвинувана дека ги „меша“ извршната и судската власт, извршната власт и партијата и дека во име на партиските интереси спроведуваше акции кои често го доведуваат под прашањето мирот, стабилноста и соживотот во Македонија. Речиси ги „преживеа“ и бомбите“, но не ги прежиивеа случувањата во „Диво Насеље“ кога загинаа припадници на безбедносните сили во акција која и денес  го носи предзнакот „контроверзна“. Сега и останува заедно со сопартијците да се бори да ги преживее истрагите и кривичните пријави на Специјалното јавно обвинителство. А по една година апанажа од државата, денес преживува во партијата. Една од најверните соработнички на Никола Груевски денеска е вработена во ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругот на државна, таа на партиска „цицка“ 

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска добива месечна плата во износ од 63.000 денари. Оваа информација за висината на приходот е наведена во имотниот лист на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, кој неодамна е именуван за претседател на Инспекцискиот совет.

Јанкулоска откако остана без работа е вработена во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа информација ни ја потврди и директорот на Центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски, кој рече дека последен пат кога проверил Јанкулоска била на платниот список на ВМРО-ДПМНЕ.

Во домашниот буџет на брачниот пар, освен платата од ВМРО-ДПМНЕ,  месечно се слеваат и по 75.000 денари од платата на Илиевски како прв човек на Инспекцискиот совет. Тој од пред неколку недели со одлука на Службен весник беше именуван на оваа функција, заедно со уште стотици други промени во над сто институции кои, се чини, дека власта забрзано ги правии пред стартот на изборите кога повеќе нема да може да именува функционери.

Според анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Јанкулоска и Илиевски секој месец земаат и кирија од 18.450 денари.

14963671_10210451745265902_1621327773_o

Имотниот лист на Јанкулоска повеќе не е достапен на интернет страната на Антикорупциската комисија, бидејќи анкетните листови на функционерите на кои им завршува мандатот веднаш стануваат недостапни за увид на јавноста.

Па, така преку имотниот лист на сопругот на Јанкулоска, кој сега е именуван функционер од Владата, може да се види дека заедно со екс министерката имаат два стана од 91 и 63 метри квадратни и плус 65 квадрати помошни простории.

Илиевски вози Голф, а Јанкулоска лани се подновила со Скутер Веспа за кој што е наведено дека го добила на подарок.

unnamed-2

Во домот на овој брачен пар има и уметнички слики во вредност од 3000 евра, но и оружје сопственост на Јанкулоска.

Па, така во колекцијата на Јанкулоска се најдоа пиштол Валтер, една Берета и пушка Брно, сите добиени на подарок.

unnamed

Илиевски и Јанкулоска на сметки во банки имаат вкупно околу 25.000 евра.

анкетен лист Влатко Илиевски ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.