Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од неколку па се до стотици илјади евра – како „поминаа“ партиите со донациите за кампањата ни открива Државната антикорупциска комисија

0
By Mirjana on November 5, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Foto: Civil Media
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој политички субјект со колку донирани финансиски средства или услуги , тргнал во битка за освојување на локалната власт, открива членот од Државната антикорупциска комисија за НоваТВ, Катица Николовска. Рокот за пријавување на донациите истече на 30 октомври. Партиите веќе навикнале на обврската па редовно ги пријавувале средствата, велат од антикорупциска. Според ДКСК Група избирачи Данела Арсовска пријавила донации во износ од  9,621,445.00 денари, коалицијата предводена од СДСМ 9,295,179.00 денари а ВМРО ДПМНЕ над 23,000,000.00 денари. Левица 203,999.00 денари

НоваТВ: Дали сите партии го испочитуваа рокот да достават извештаи за примени донации за изборите?

– Во изборната кампања на Локалните избори 2021 имаше регистрирано 140 учесници од кои:

– 93 се група избирачи со поддршка на градоначалник или советници,

– 49 учесници се политички партии или коалиции, и тоа:

    • коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 11 трансакциски изборни сметки,
    • коалицијата предводена од СДСМ има отворено 8 трансакциски изборни сметки,
    • Алтернатива – 3 (сопствена и две коалиции),
    • Алијанса за Албанците – 3 (сопствена и две коалиции)
    • ДУИ – 2 (сопствена и во 1 коалиција)
Спецификација на донации за првите 10 дена (пред прв круг гласање)Спецификација на донации за вторите 10 дена (пред прв круг гласање)Спецификација на донации за втор круг гласање
доставиле827933
не доставиле5861107
вкупно140140140

Во тек е обработка на Извештаите со спецификација на трошоци за приходи и расходи по чл. 84-б ст.1 од Изборниот законик.

Најголем дел од учесниците кои немаат доставени извештаи се учесниците како Група кандидати кои најверојатно не се запознаени со обврските за известување од изборите, но и немаат остварено приходи по било кој основ.

Политичките партии, како редовни учесници во изборите навремено ги исполнуваат своите обврски и доставуваат извештаи.

НоваТв: Која партија најмногу искеширала средства на име донации?

– Со измените на Изборниот законик во 2020 година се дозволи покрај  примените донации од правни и физички лица на изборните сметки, како извор за финансирање на изборната кампања на партиите да се користат и донациите исто од правни и физички лица уплатени на сметките за редовно работење на партиите.

По овие основи кај следниве учесници забележани се следниве уплати:

Изборна сметкаТрансфери од редовна сметка
Од физички лицаОд правни лицаДонации од физички лицаДонации од  правни лицаСредства од Буџетот на РСМ
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ДАНЕЛА АРСОВСКА9,121,445.00500,000.000.000.00
СДСМ  КОАЛИЦИЈА „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ3,656,679.003,638,500.001,000,000.000.00
ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ1,582,800.0080,000.00510,000.000.00 

 

963,000,00

ГРУПА ИЗБИРАЧИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ1,083,000.000.00350,000.001,528,000.00
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА720,000.000.00335,000.000.00
СДСМ  КОАЛИЦИЈА „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ469,892.000.00315,000.000.00
ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ360,387.000.00280,000.000.00
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЗА НАШЕ КУМАНОВО-ИВАНА ЃОРЃИЕВСКА359,760.000.00270,000.000.00
ГРУПА ИЗБИРАЧИ-ВИОЛЕТА ЃОРЃИЕВСКА270,000.000.00260,000.000.00
ГРУПА ИЗБИРАЧИ-АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕВСКИ260,000.000.00175,000.000.00
ДПА210,000.000.0075,000.00610,000.00
ЛЕВИЦА203,999.000.00
ВМРО-ДПМНЕ0.000.005,941,000.000.00 

12,679,100.00

ВМРО-ДПМНЕ0.00300,000.001,000,000.000.00 

170,000,00

ВМРО-ДПМНЕ0.000.00510,000.000.00 

110,000.00

ВМРО-ДПМНЕ0.000.00350,000.001,528,000.00 

1,362,000,00

ВМРО-ДПМНЕ0.000.00335,000.000.00
ВМРО-ДПМНЕ0.000.00315,000.000.00 

10,000,00

ВМРО-ДПМНЕ0.000.00280,000.000.00
ВМРО-ДПМНЕ0.000.00270,000.000.00
ВМРО-ДПМНЕ0.000.00260,000.000.00 

170,000,00

ВМРО-ДПМНЕ0.000.00175,000.000.00
ВМРО-ДПМНЕ0.000.0075,000.00610,000.00
БЕСА3,900,306.00

 

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА3,330,000.00
ЛЕВИЦА2,400,000.00
Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО2,100,000.00
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА2,000,000.00
ДПА1,600,000.00
ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА268,500.00

НоваТв: Колку партиите се отворени да ги објават вистинските донатори а износите во целост?

– ДКСК ги проверува податоците и информациите за донаторите кои се објавени во доставените извештаи со уплатите на трансакциските сметки со вкрстена проверка со неколку други бази на податоци.

НоваТв:  Како се „ пресметуваат“ донациите во натура, односно со некоја услужна дејност ? Го има ли уште тоа кога телевизиите ги „частат“ политичарите „бесплатни минути“ ?

– Со член 83-а дефинирани се донациите во услуги и како се пресметува нивната вредност. ААВМУ треба да извести за тоа дали има бесплатни минути за политичарите бидејќи они се должни да го следат медиумското претставување на учесниците, односно политичарите.

Последните неколку години, откако цената за рекламирање однапред се пресметува и не смее да биде повисока од пресметаната, не постои начин за рекламирање по пониски цени.

НоваТВ: Дали се случувало партиите или субјектот кој треба до Вас да поднесе некаов извештај , не го сторил тоа во наведениот рок, па после вие да го барате да си ја исполни обврската?

– Да, вообичаено укажуваме доколку сметаме дека субјектот не можел да биде запознаен со сите обврски кои произлегуваат од Изборниот законик. Сепак ние како ДКСК сме првенствено превентивно тело, а укажувањето за правилно постапување  е дел од нашите надлежности.

НоваТВ: Работата на Антикорпциската Комисија беше позитивно оценета во најновиот извештај на ЕУ за напредокот во земјава, Како го доживеавте тоа ? 

Задоволството е големо кога некој ги препознава заложбите и ефектите од работењето на ДКСК и секако претставува мотив за уште поголемо ангажирање. ДКСК не изрекува репресивни мерки кои се повидливи и побрзо се препознаваат во јавноста, но како превентивно тело ДКСК своето работење го насочи кон промени во системот:

– Предложени се измени на многу закони заради вработувања по мерит критериуми, ограничување на дискрециони овластувања;

– постојано бара зголемување на транспарентноста во работењето на институциите;

– постојано укажува на потребата од јакнење на интегритетот, како личниот (на функционерите), така и на институционалниот интегритет и тн.

На краток рок ефектите од овие постапувања се невидливи, но на долг рок треба да дадат позитивни ефекти во општеството во целина.

Мирјана Трпческа

 

ДКСК колку донирано за иаборите Кому
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.