Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од ОЈО зависи за кого ќе има обвиненија за силуваното девојче

1
By Нова ТВ on February 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 27, 2018 15:37

Истрагата на Oбвинителството ќе покаже кон кого и за што ќе се покренат обвиненија во случајот со злоупотребуваните штитенички од Домот „25-ти Мај“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Против 12 лица е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а дополнително се поднесени 12 прекршочни и дисциплински постапки до Центарот за социјална работа, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Таа рече дека се работи на проект за брза трансформација и на „25 Мај“ и на „Ранка Милановиќ“ како институции кои, како што рече, биле запуштени во изминатите 10 години и од што денеска само се гледаат резултатите.

Минатиот петок, Министерството за труд и социјална политика поднесе кривични пријави против 11 лица од надлежните институции во врска со случајот со 13 годишната штитеничка на Домот „25 мај“ која додека е под старателство на државата подог временски период била жртва на силување.

Кривичните пријави поднесени до ОЈО се против раководни лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, и за ,,несовесно работење во служба’’.

На пријавите претходеше инспекција во Домот и во центрите која покажа повеќе прекршувања на законите.

Најважно е што „од извештајот на старателот кој непосредно ја вршел старателската должност, не може да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, за негово воспитание и образование, како и за сѐ друго што е од значење за лицето ставено под старателство“.

 

дом 25 мај злоставувано девојче кривични пријави Министерство за труд обвиненија ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.