Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Радовиш до Херинген: Даниел Илиев два мандати градоначалник на германското гратче

0
By НОВА ТВ Terziova on June 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако случајно ве нанесе патот во питорескното гратче Херинген во Германија, и ако имате потреба од градската управа, немојте да се изненадите ако под фотографијата на градоначалникот која стои во холот, видите македонско име и презиме. Под сликата на црномурестиот градоначалник ќе пишува Даниел Илиев. И не, не е грешка. Радовишанецот Даниел (по мајка и татко) веќе втор мандат е градоначалник на Херинген. И беше избран со фантастични 85,4 отсто од гласовите на политички пребирливите Германци.

Се разбира, Илиев е со германско државјанство затоа што е роден Германец. Има 38 години и е член на Социјалдемократската партија на Германија, но во разговор за НоваТВ вели дека партиската припадност не значи ништо, затоа што тој еднакво се грижи за благосостојбата на сите граѓани на Херинген, и за функционалноста на градот кој му е доверен од 1 јули, по вторпат.

„Граѓаните можат да ме контактираат 24 часа, 7 дена во неделата преку лични состаноци, телефон, пошта или социјални медиуми. Се трудам да бидам многу близок со нив. Јас не сум само социјалдемократски градоначалник, туку градоначалник на сите граѓани“, вели тој.

Илиев е роден е во Бад Херсфелд, но живеел уште од детството во Херинген градот во кој е избран за градоначалник. Студирал на Универзитетот Фридрих Шилер во Јена политички науки, јужнославистика и историја на економија. И двајцата негови родители се од Радовиш, но сега и тие живеат и работат во Германија. Неговиот брат е роден исто така во Германија.

Даниел Илиев со претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер

На нашето прашање како изгледа еден негов работен ден, дали се среќава со локалното население и какви проблеми најчесто решава тој вели дека секој ден му е различен односно ниту еден не е ист како претходниот.

„Има некои канцелариски рутини, многу потписи. Имаме неколку состаноци или панели. Еднаш месечно Градскиот парламент се состанува за да одлучува за различни прашања за Херинген. Јас сум одговорен за целата администрација. Го посочувам и патот за идниот развој на градот“, вели Илиев.

Во однос на неговите политички обврски како член на партијата вели дека е апсолутно слободен во своите одлуки без разлика што е близок до идеалите на социјалдемократското движење.

Последен пат ја посетил Македонија во 2015 година.

„Кога бев млад, секоја година ја посетував Македонија со моите родители. Сè уште имам многу контакти со моето семејство кое живее таму“, дополнува „таткото“ на германскиот град со нешто повеќе од 7.000 жители.

Неговиот совет за градоначалниците во Македонија е секогаш да бидат оптимисти и да бидат тука за нивните граѓани.

Даниел со својата партнерка Вивиен

Инаку, Даниел во своето слободно време сака да спортува, ја сака музиката и ужива во прошетки со неговата партнерка Вивиен и нивното куче Купер.

Маја Терзиова

 

Германија даниел илиев Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.