Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од септември за 130.000 работници минимална плата од 12.000 денари

0
By Нова ТВ on June 28, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 1,5 милион евра буџетски пари месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12.000 денари.

Поддршката, како што соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се очекува да почне да се реализира од септември кога се очекува и стартот на исплатата на минималната плата од 12.000 денари со што до крајот на годинава би биле потрошени шест милиони евра државни пари. Парите веќе се планирани во ребалансот на Буџетот.

„Предвидено е распределбата на парите да се врши за секоја компанија според бројот на вработените кои примаат минимална плата и таа да се реализира во четири рангирани категории. Во првата категорија ќе бидат работниците на кои треба да им се доплатат 2.000 денари, па 1.500 денари“,  рече Тевдовски.

Како што најави министерот за овој план треба да се изјаснат и работодавачите и Стопанските комори како една од засегнатите страни. Со нив владиниот тим ќе има средба денеска. Минатата недела за минималната плата владиниот тим имаше средба и со синдикатите. По завршување на овие разговори измените на Законот за минимална плата ќе одат пред Економско-социјалниот совет, а дури потоа пред пратениците.

Ако и работодавачите дадат зелено светло на предлогот на Владата, од септември 130.000 работници ќе земаат минимална плата од 12.000 денари.

минимална плата Сојуз на синдикати Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.