Од следната недела во бараката број 16 во Град Скопје ќе се работи двосменски, од 7:30 до 19:30 часот. Во текот на работењето ќе има две паузи, од 11:30 до 12 часот и од 14:30 до 15 часот.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Граѓаните во барака 16 можат да регулираат данок на промет, наследство и подарок, данок на имот и комунална такса-фирмарина.

– Работиме интензивно веќе на подготвување на реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности кои се врзани и со градската адиминстрација да ги извршуваат и на шалтерите на централната власт и на скопските општини со цел услугите кои ги дава Град Скопје да бидат транспаренти, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин, рече Шилегов.

Тој потенцира дека ова е почеток на работење на новата градска администрација. Најави дека наскоро ќе бидат презентирани активностите кои ги преземаат со цел да се подобри услугата и транспарентноста на Град Скопје.