Во танзанискиот град Дар ес Салам утрово е киднапиран најмладиот африкански милијардер, Мохамед Девџи.

Тој падна во заложништво во фитнес центар, пред да тргне на работа, од двајца маскирани мажи кои пукале во воздух и биле со автомобил.

Поради киднапирањето на 43 годишниот Девџи засилени се безбедносните мерки на сите гранични премини и аеродроми во Танзанија со цел спречување на разбојниците да ја напуштат земјата.

Магазинот „Форбс“ во 2016 година го процени богатството на Девџи на 1,5 милијарди долари.