Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре БЕГ го пушта парното греење поради ниските температури

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата грејна сезона за сите потрошувачки приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија преку Балкан енерџи во Скопје стартува утре.

Регулаторна комисија за енергетика дала одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15.октомври поради падот на температурите.

Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи на РМ, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ.

Почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да донесе зголемување на авансните сметки што ги добиваат граѓаните. Имено, согласно прописите секој ден до 15 октомври се следи временската прогноза и само доколку прогнозата за средната надворешна температура е еднаква или под 12 степени Целзиусови ќе има испорака на топлинска енергија.

Во деновите кога прогнозата за средната надворешна температура ќе биде повисока од 12 степени Целзиусови, испорака на топлинска енергија нема да има.

Од 15 октомври до 15 април се врши редовна испорака на топлинска енергија, согласно утврдените правила и во континуитет.

Иако стартува новата грејната сезона, сепак во моментов во околу 200 објекти потрошувачите и заедниците на станари сè уште не ги имаат исполнето своите обврски, односно не се обезбедени бараните услови за навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија.

БЕГ парно греење топлинска енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.