Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од вредните раце на Руменка Димовска од Арвати, кошничка полна со производи од недопрената природа на Ресенско

0
By Соња Крамарска on December 26, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 26, 2022 12:28

На 900 метри надморска височина, во пазувите на планината Баба се наоѓа преспанското село Арвати, каде што живее Руменка Димовска, неуморна жена, која произведува јаболка и подготвува различни овошни преработки од продукти набрани во недопрената природа на нејзиното село.

„Нешто најнеблагодарно е да се фрла храна што е произведена со труд и многу љубов. Затоа решив да започнам со сушење на овошје, првенствено на јаболката од нашите овоштарници“, ни открива Руменка, која е членка на Националната федерација на фармери, за тоа како решила да почне да произведува сушено овошје.

Јаболката ги суши во сушара, без никакви додатоци, а како што ни кажа Руменка, доколку е добро спакувано, сушеното овошје може да стои и цела година без да ги загуби својствата.

Освен сушени јаболка, Руменка произведува и секаков вид домашни слатка и мармалади од шипинки, смоква, дренки, ликери, чаеви од планинско оригано, и секакви други лековити билки, сокови од дуња и автохтони боровинки кои ги собира од недопрената околина на Арвати.

Еден од врвните деликатеси што ги произведува е сушен вргањ собран во недопрената дабова и букова шума во пределот на Баба планина, извор на протеини потребни на човекот. Сушениот вргањ го збогатува вкусот на јадењата, а во кујната на Руменка е неизоставен дел.

Руменка работи заедно со другите жени од Арвати и со здружени сили се обидуваат да ја одржат и зачуваат традицијата. Вели дека има интерес за нејзините производи и дека сѐ повеќе се зголемува бројот на луѓе кои сакаат да пробаат нешто ново, нешто здраво и органско.

Дозволете си незаборавно патешествие до прекрасната ресенска природа, запознајте ги луѓето кои ја правата вашата храна. Семејството Димовски ќе ве пречекаат домаќински со домашни вкусни производи од природата-вргањ печен на жар, шумски плодови, слатко, мармалад, ѓомлезе, пита…

Арвати е село во општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено на околу 3 километри источно од Преспанско Езеро, во длабока живописна пазува на планината Баба, во средишниот дел и од двете страни на реката Шара (позната и како Арватска или Кранска Река).
Низ годините арваштани се занимавале со поледелство и сточарство. Во рамките на поледелството порано преовладувале житарките (’рж, пченица, јачмен, пченка) и градинарските производи (пиперки, домати, лук, кромид, грав, тикви, краставици и др.), а денес преовладува јаболковото овоштарство. Во рамките на сточарството најмногу се одгледуваат говеда, коњи, овци и кози.

Извор: Агротим 

Арвати општина Преспа Руменка Димовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.