Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележани 19 години од нападот кај Карпалак во кој загинаа 10 прилепски резервисти

0
By Нова ТВ on August 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со панихида и положување на цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје претпладнево се оддаде почит кон 10. загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит оддадоа делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, на Собранието, на општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите, како и граѓански организации.

„Денеска одбележуваме 19 години од погубието на Карпалак. Деветнаесет години сме на ова исто место со една иста изјава со барање да се направи достоинствено обележје за загинатите. Мислам дека тие тоа го заслужија. И медиумите се сведоци дека и денес цвеќето беше положено на банкина, што не е достоинствено. Тој кобен 8 август во 2001 година се случи, но ни тие случки не престануваат. Тука е кумановско Диво насеље, Смилковско езеро, да не зборуваме за другите настани како што се Вејце, Бриони, Љуботенски бачила за кои многу малку е кажано“, изјави Ацо Јовановски-Реган, кој бил меѓу резервните припадници на Армијата во конвојот од Прилеп.

Од одборот на бранителите, исто така, сметаат дека треба подостоинствено одбележување на местото на настанот.

„Како и претходните години и оваа година, се помал е бројот на луѓе за чествување на овој настан. Причините не ни се познати, но некој очигледно работи овој настан полека да се заборава. Затоа што и оваа година како и минатата година, никој од државната власт тука на местото не истакна ниту еден збор зошто се дојде овде и што е тоа што денес го одбележуваме. Мислам дека Министерството за одбрана ќе смогне сили и подостоинствено ова го чествува, а за бранителите да даде место што го заслужуваат“, изјави Марин Најдов од Одбор на бранители.

На 8 август 2001 околу 10 часот, конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Загинаа Нане Наумоски (48 години), Сашо Китаноски (39), Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле.

Бранители годишнина Карпалак Македонија одбележување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.