Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси и потенцијали во справување со болеста

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 20:34

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

Еден век инсулин, односно сто години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот е годишниот мотив за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК вечерва организираше настан на кој го одбележа 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

– Имајќи предвид дека дијабетесот зазема се поголеми размери и се повеќе ги напаѓа децата, само зголемувањето на свеста и актуализирање на проблематиката не е доволно. Пандемијата за жал покажа дека меѓу најранливите категории се лицата со дијабетесот. Потребно е како општество да ги ангажираме сите ресурси и потенцијали во справување со дијабетесот, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во своето обраќање.

Пендаровски посочи дека е императив треба да биде набавката на сите уреди што им помагаат на луѓето со дијабет да живеат и да функционираат нормално. Тој додаде дека не смееме да доцниме зад светот и да дозволиме децата да немаат пристап до современи и иновативни терапии, како и кон медицинско технички системи, како што се системите за континуирано следење на ниво на шеќерот во крвта, можност што им е понудена на децата во Европа и регионот.

Министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање истакна дека од голема важност е да се унапреди животот на пациентите кои имаат дијабет.

– Во изминатите години напорно работевме во делот на иновативна терапија, инфраструктура во болниците и технолошките пронајдоци што ќе го олеснат животот на овие пациенти. Со измена на Законот за увоз на лекови, се укина Законот за паралелен увоз на лекови, со што престанаа да се носат инсулини на непроверен и несоодветен начин од Турција, вели Филипче и додава дека по примерот на најразвиените земји, сега ги имаме најсовремените инсулини, така како што пациентите заслужуваат.

Филипче истакна дека Министерството за здравство ја унапреди и програмата, со што се донесоа три нови инсулини и два нови препарати, со коишто полесно и во помала доза ја контролираат гликемијата, но и го зголемуваат квалитетот на животот на пациентите со дијабет.

– Целосно е реновирано Одделението на Ендокринологија, реновирани се и отворени се нови амбуланти, имаме и постапка за најсовремените сензори за мерење на гликемијата што значи дека децата нема потреба да се боцкаат, туку електронски ќе ја мерат гликемијата, со што значајно го олеснува мониторингот на нивото на шеќер во крвта, појасни министерот.

На настанот се обратија и  Зорица Наумовска, вонреден професор на Факултетот за фармација, Диме Велев, претседател на СЗДМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија) и Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија.

Во рамки на настанот беше прикажана и изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и пропратните помагала за неговото користење. По принцип на времеплов, изложбата раскажува за појавата на инсулинот, неговиот пат, научен развој, практична примена и неговото суштинско значење за луѓето со дијабетес. Беа изложени и факти за изумителите на првиот инсулински препарат, првите корисници и начинот на користење на инсулинот.

Ширум светот 537 милиони луѓе имаат дијабетес, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Северна Македонија, во 2020 година од дијабетес заболеле 7432 лица, а починати се 1365 лица од дијабетес мелитус.

Баланс МК Венко Филипче Зоран Гучев Настан Светскиот ден на дијабетесот. Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.