Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиени три предлози на СЈО за мерки за претпазливост во случајот ,,Тврдина”

0
By Нова ТВ on August 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 1, 2016 15:19

Скопскиот Кривичен суд ги одби предлозите на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка претпазливост за три лица од предметот „Тврдина“, информираат од Основен суд Скопје 1.

Во соопштението што е објавено на официјалната страна на судот се наведува:

„Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“, по сослушување на лицата во однос на предлогот, донесе решенија со кои го одби предлогот на обвинителството за сите три лица“.

Пред околу десетина дена судот го отфрли и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, третоосомничена во случајот Тврдина.

Во овој предмет судот единствено одреди мерка одземање на пасошот на првоосомничениот Горан Грујовски, сега веќе разрешен началник на петтата управа, за кого пак беше побаран притвор.

За Тврдина, третата истрага на специјалното обвинителство, осомничени се 5-мина, тројца началници на оддели во УБК, екс министерката за внатрешни работи и вработена во архивата. СЈО смета дека има докази дека групата организирала уништување на два система за следење на комуникации со што државата е оштетена за 10 милиони евра.

Горан Грујовски Јанкулоска Основен суд Скопје1 СЈО Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.