Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиено барањето за изземање на Кацарска, сведочи Мухиќ

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска од псотапката за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Кацарска на продолжението на рочиштето попладнево му го достави решението на адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, кој побара нејзино изземање бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот.

По паузата што беше дадена поради барањето за изземање, судењето попладнево продолжи со сведочење на пратеникот Ферид Мухиќ.

Претходно, за настаните од 27 април минатата година сведочеше Сашко Коцевски , вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем, вклучување на микрофоните и на системот за гласање.

Тој рече дека собраниската седница тој ден имала нормален тек се додека тогашниот претседател Трајко Вељаноски не му дал збор на пратеникот Зекирија кој ја интонирал химната на Албанија што ги вознемирило пратениците од опозицијата и дел од мнозинството.

Потоа Крсто Мукоски побарал збор и ја интонирал химната на Македонија, а процедурално збор побарале пратениците Томислав и Илија Димовски, но не добиле, по што Вељаноски ја прекинал седницата. Сведокот ги слушнал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како разговараат дека не треба да се дозволи гласање доколку СДСМ сака да избере претседател на Собранието. Полицаец од обезбедување му рекол да го исклучи системот за гласање и да ја напушти седницата, а тоа, како што наведе Коцевски, не е практика на Собранието.

Тој отишол во техника и го прекинал снимањето, но камерите останале вклучени поради праксата се додека има пратеници во пленарната сала, тие да се вклучени. Случувањата во салата ги следел од мониторите, но без тон. Коцевски рече дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година,  а за време на случувањата на 27 април добивал пораки на вибер што се случува надвор, а тој, пак, ги известил дека внатре е хаос и дека Талат Џафери е избран за претседател. Полицаец им кажал да се заклучат во собата за режија бидејќи во Собранието влегле многу луѓе од надвор.

Слушнале трескање на вратата им викале „отворете комуњари” раководителката се уплашила, по што и дале дијазапам и се сокриле позади плакар… по некое време се јавил секретарот на Собранието Жарко Денковски кој прашал дали работи техниката за снимање и не прашал ниту дали се живи и дали им треба нешто.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска за неговото учество во протестите тој рече дека „ние како партија работиме како војска и добивавме насоки од месните комитети за поддршка на протестите против тиранската платформа”.

Освен Мухиќ, денеска треба да сведочат уште Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27.април изземање кацарска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.