Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата, судењето продолжува на 18 октомври

0
By Marija Todorovska on October 16, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2024 15:57

Според бранителите на дел од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, не е јасно работењето на полицијата во врска со случајот во повеќе делови, како тоа што нема парафинска ракавица од обвинетите и тоа што други имаат повеќе снимки од нив во врска со настанот.

Според Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски, во обвинението нема зелена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите.

– Добро, луѓе, кога ќе се пукне на свадба се зема парафинска ракавица, во обвинението нема зелена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите. Уште една работа, не знам како здраворазумски би се коментирало. Началникот на полицијата е човек кој што ја водел целокупната истрага во овој момент, нема сознание и во никој случај ниту потврдува ниту демантира дали од самото зрно во кое што е пукано може да се утврди идентитет на оружје, рече тој.

Дополни дека според тоа, од испуканото зрно на двете жртви, може да се утврди сѐ.

– Може да се утврди и идентитет на оружје, може да се утврди и чие е тоа оружје доколку се наоѓа во база на МВР. Обвинителството тоа го нема, нема такви податоци во самото обвинение, рече адвокатот.

Манев смета дека сведочењето на скопскиот началник било во најмала рака контрадикторно само по себе и води во теоријата на случајот дека буквaлно ниту еден од обвинетите нема врска со убиството.

– Сведочењето на вториот сведок на тогашниот началник на велешката полиција, исто води во насока на таквото тврдење барем во делот на снимките. Не појасни во ниеден случај ни колку луѓе биле, во колку коли ни дали постојат снимки од тие луѓе. Никаков податок не добивме ни од човекот кој ја води истрагата ни од началникот на велешката полиција. Затоа можам само да кажам дека се што чувме денеска не е во насока на откривање на вистината, туку буквално се контрираше самото Обвинителство со повикувањето на овие сведоци денеска, рече тој.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, посочи дека скопскиот началник не дал никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж во Александар.

– Од друга страна од неговиот исказ видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би се прашувале што се случува со случајот и уште не би имале епилог. Тој и неговите служби немаат преземено ништо во контекст на она што го налага криминалистичка профилација, рече адвокатот.

Дополни дека токму денешниот сведок, како што рече, е човекот кој го донел Александар на обвинителна клупа без ниту еден доказ.

– Денеска ја слушнавме причината, онаа која и мене лично како бранител ме мачеше дека токму овој сведок е човекот кој го донел Александар на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ. Александар и Гоце сфатиле кој е ставот и односот на полицијата и тоа потврдува и она што е општо чувство на семејството дека немале апсолутно никаква доверба во полицијата и преку свои пријателски врски ја обезбедиле снимката за која секој обичен набљудувач доколку ја погледне снимката ќе воочи чудно движење на две возила, во однос на сите други возила, рече Туфегџиќ.

Според него, поразително е што началник на полицијата кажал дека нема никакви сознанија за наодите до кои стигнале Гоце и Александар.

Адвокатот посочи и дека е невистина тврдењето на началникот дека не се вршела тортура врз Александар.

На судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеше поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања. Во својот исказ тој денеска кажа дека до местото на настанот, каде што го пронашле телото на Вања, ги однел обвинетиот Влатко Кешишов.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше и поранешниот началник Ристе Самарџиев од Велес во врска со истрагата за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски. На прашања од обвинителката Жаклина Лазаревска, тој одговори дека Жежовски го нашле на непристапно место до кое е тешко да се дојде, ако некој не посочи, а на нив, како што кажа, им посочил обвинетиот Велибор Манев.

На минатото рочиште,  во понеделникот сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува в петок, на 18 октомври.

одбрана судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.