Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната на обвинетите во „27 април“: Предметот е политички мотивиран

2
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 13:37

Со воведните зборови на останатите адвокати на обвинетите во предметот „27 април“, за крвавите насилства во македонското Собрание од 2017 година, денеска во Кривичниот суд во Скопје се оддржува третото продолжение на овој судски процес.

На обвинителната клупа се 33 лица, пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, од кои 31 одговарта за „ терористичко загрозување на уставниот поредок“ , а двајца за помагање.

На денешното рочиште прв своите воведни зборови ги даде адвокатот на обвинетиот Иван Цветановски, Драган Пешевски. Тој нагласи дека обвинителството за истото дело досега дало четири различни правни квалификации. Тој смета дека обвинителството имало доволно време да ги квалификува овие настани, истакнувајќи дека лошо си ја завршило неговата работа.

-Иван е обвинет со една реченица- дека ја повикувал, водел и насочувал толпата. Тој истакна дека обвинителството не дало повеќе детали за таа „реченица“ од обвинителниот акт. Адвокатот посочи дека по согледување на доказите ќе се воочи дека за целото време Иван бил или пред кабинетот или во кабинетот на Трајко Вељаноски. Снимките ќе покажат дека ниту водел, ниту повикувал. Исто така, тој нагласи дека неговиот клиент се обидувал да го скрие Антонио Милошоски за време на настанот.

Адвокатот на Борис Дамовски, Рубин Двојаков посочи дека во обвинителниот акт има наведено само едно дејствие – држеше говор со наратив за неговата земја. Тој посочи дека откако ќе се видат сите докази ќе се утврди дека неговиот клиент е невин.

-Се надевам на ослободителна пресуда за сите, истакна Двојаков.

Сања Алексиќ, адвокатката на Богдан Илиевски – Бетмен, истакна дека одбраната со предложената листа на докази ќе докаже дека обвинетиот не го сторил делото, туку ги остварувал неговите права.

Адвокатот Ставре Џиков на обвинетиот Владо Јовановски посочи дека умешно е „скроено“ ова политичко обвинение.

– Овие „терористи“ се препознаени по шест месеци, рече Џиков.

Претседателката на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска, усно го опомена адвокатот што во воведот упатил навредливи зборови за советот.

Сашко Христовски – Липски, адвокатот на Стефан Младеновски, Михаил Младеновски и Захарие Симовски истакна дека овој правен случај е политичко мотивиран.

Тој наведе дека „целата политика“ му ја остава на обвинителството.

– Немало никакви наредби, немало фантомки, немало организација, туку имало спонтаност со сите луѓе кои биле во и надвор од Собранието. Тој констатираше дека Јавното обвинителство овој обвинителен акт е попусто составен и погрешно конципиран.

Адвокатката на обвинетиот Јане Ченто, Валентина Тодоровска, рече дека Јане не го сторил кривичното дело што  му се става на товар. Таа рече дека Ченто е правник, работел во Владата и е родител на едно дете. Тодоровска пред судот рече дека Јане Ченто бил во Собранието, но не според описот на обвинението, туку како дел од толпата.

Адвокатот на Горанчо Ангеловски го напушти клиентот среде судење

Тони Менкиновски, адвокатот на Горанче Ангеловски, посочи дека не го добил навреме обвинителниот акт, како и доказите, туку дека само во себе го има полномошното како бранител.

Менкиновски објасни дека немал време за подготовка на одбраната на неговиот клиент, по што го напушти рочиштето, коментирајќи дека за тој чин ќе го информира комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Откако адвокатот го напушти рочиштето судијката Кацарска посочи дека претходниот бранител се откажал од застапување па судот, по што по судска должност му е доделен друг бранител на обвинетиот. На 21 август во судот било доставено известување дека семејството одлучило Тони Менкиновски да биде нов бранител на обвинетиот.

Според судијката, тој имал доволно време да го обезбеди обвинителниот акт, како и доказните материјали, истакнувајќи дека не смее да ја напушти судницата и да го остави обвинетиот без бранител.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Во моментов со судот има пауза од еден час.

27.април судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.