Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната тврди: Нема докази за обвинетите нарачатели во случајот „27 април“

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 12, 2021 19:34

Во среда ќе продолжи судскиот процес „27 април“ во кој се обвинети нарачателите за крвавиот четврток од 27 април 2017 година. Завршен збор ќе даде поранешниот министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески. На денешното судење во скопскиот Кривичен суд, завршен збор даде адвокатот Еленко Миланов во одбрана на обвинетите Јанакиески и Спиро Ристовски. Тој се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон обвинението не смеело да биде покренато.

–  Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Со овој закон за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведени кривични постапки и целосно се ослободваат од издржување на казна затвор, лица за кои постои основано сомневаење дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Сорабанието на РМ од 27 април 2017 година, рече адвокатот Миланов.

Тој посочи дека Законот за кривична постапка е небулозен, со што Судечкиот совет не може да прекине постапка без одобрение од Обвинителството. На таа основа, побара од Судечкиот совет да донесе ослободителна пресуда. При изнесувањето на завршните зборови прочита голем број цитати од пратеници кои сведочеле за овој случај.

– Овие искази беа пред вас, ги слушавте и сите тие јасно потврдуваат дека ниту постоеше организација на пратеници, ниту пак таква организација правеле Спиро Ристевски или Миле Јанакиевски. Поради настапување на околности поради кои не постои можност за кривично гонење, односно согласно одредбата 402 став 1 точка 6, барам да го одбиете ова обвинение за Спиро Ристевски и Миле Јанакиевски за коишто тоа го истакнувам во овој нивен завршен збор, но исто така и за Вељановски. Сите докази верувам дека доволно Ве убедија дека овие тројца обвинети не го сториле кривичното дело кое им се става на товар, заклучи Миланов.

Денеска во скопскиот Кривичен суд завршен збор даде поранешниот министер Спиро Ристовски. Претходно свој завршен збор даде и поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во завршниот збор наведе дека нема дилема оти обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски се организатори на упадот во Собранието.

27 април инциденти Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.