НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговор на Нова ТВ на барањето за демант и за јавно извинување за текстот за Ристе Ставревски

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во редaкцијата на Нова ТВ пристигна Барање за демант, извинување и повлекување на веста „Чулев го дава СВР Скопје на началник вмешан во изморни измами“ од Ристе Ставрески, ново поставениот началник, преку адвокатот Панче Ташковски. Во дописот се наведуваат четири спорни реченици, три се цитирани како клавета, додека една како навреда. Со оглед дека текстот се темели на факти од кои произлегуваат новинарските коментари, Нова ТВ објавува одговор на сите четири наводи.

Реченицата дека Ставревски е еден од 20-тината обвинети во „Титаник“ не се однесува на Ставревски, туку на Кирил Тодоровски. Имено реченицата гласи: „Во судскиот процес „Титаник“ со издавањето лажни лични карти за гласачи за ВМРО ДПМНЕ, во судница се читаа СМС пораки на Јанкуловска со нејзините советници Ставревски и Кирил Тодоровски, кој е еден од 20-тината обвинети во случајот“.

Имено, реченицата не сте ја разбрале граматички исправно, односно Ставревски е посочен само со презиме, а потоа со име и презиме е напишан Кирил Тодоровски, па има запирка со која се издвојува крајот на реченицата, кој пак крај се однесува на Кирил Ристовски (дава дообјаснување за него) и во ниту еден случај не се однесува на Ставревски. Уште една потврда за тоа е заменката „кој“ поставена веднаш после запирката, која се употребува за формата еднина, додека заменката „кои“ се употребува за множинска форма. Оттаму, изнесеното не може да се третира дека се однесува на Ставревски, затоа што кога би било и за него во реченицата би стоело: „кои се обвинети во Титаник“ – множинска форма, во случајов „кој“ се однесува на Тодоровски.

2. Реченицата дека Ставревски излегол надвор од советничките овластувања и преземал активности во партиски цели. Со оваа реченица завршува пасусот и тоа е новинарскиот коментар кој содржината ја црпи од претходно искажаното. Речениците во објавениот текст се следните: „Од содржината на пораките е јасно дека тие подготвувале списоци за
вработување според избирачките места за да придобијат гласови, договарале кого да сменат од функција, а кого да назначат за полесно спроведување на операцијата, но и тоа како да им помогнат на сигурните гласачи да куртулат од казни и инспекции. Со еден збор, преземале активности надвор од советничките овластувања во МВР во партиски цели“.

Да потсетам дека медиумите пред неколку месеци пренесоа детали од судскиот процес „Титаник“ во кој се изнесувале содржини од телефонски пораки. Содржината на пораките е во контекст на текстот што се изнесува како прва реченица во пасусот, а откако завршува тој дел, врз основа на неговата содржина авторот дава коментар како го доживува тоа што Јанкуловска го зборувала со советниците. Затоа таа реченица започнува со фразата „Со еден збор“ за да се издвои како авторски коментар произлезен од погореизнесеното. Новинарскиот коментар не подразбира фактичка состојба, туку лично согледување, но поткрепено на претходно изнесени факти.

3. Реченицата „Тандемот Ставревски – Тодоровски…“. Тоа е последна реченица од пасус, а потоа текстот продолжува со меѓунаслов: „Ставревски и Јанкуловска во „бомбите“ правеа списоци на резервисти кои морале да излезат на избори“. Но, таа реченица (последната од пасусот која ја наведувате како спорна) се поврзува со првата реченица од текстот под меѓунасловот. Вака гласи тој дел од текстот:

„Тандемот советници Ставревски – Тодоровски бил посветен во фалсификување на изборните процеси со цел ВМРО ДПМНЕ да остане на власт судејќи според пораките, но и аудио снимките.

Ставревски и Јанкуловска во „бомбите“ правеа списоци на резервисти кои морале да излезат на избори. Имено, екс-началничката на одделот за лични карти во МВР, Јадранка Гулевска, сега пензионерка, во судница, како сведок во „Титаник“, зборуваше за тоа како и се заканувале дека не смее ни збор да изусти за криминалот со личните карти за
гласачите од Пустец…..

Реченицата под болдираниот меѓунаслов започнува со зборот „Имено“ и тоа директно ја става во корелација на погоре изнесеното, односно со последната реченица од претходниот пасос, која ја наведувате за спорна. Инаку, не би постоел зборот „Имено“ во првата реченица ако не се прави поврзување со последната реченица од погоре. Е сега, тука имаме обратна ситуација. На почетокот на реченица (онаа која ја сметате за клеветничка) се дава новинарско толкување на ситуација, но се завршува дека тоа толкување е според пораките и аудио снимките. Се мисли на пораки прочитани во судница, се мисли на аудио снимки објавени како прислушувани материјали.

Дополнително, во делот под меѓунасловот и подиректно се објаснува што се слуша на снимката, а се посочува и на сведочење на сведок кој изнесува информации. Оттаму, ако од текстот под меѓунасловот е јасно во што е вмешан Ставревски тогаш се оправдува погоре изнесеното новинарско толкување.

4. Реченицата дека Ставревски покажал лојалност и придонел во заштита на режимот е коментар-заклучок на авторот и не може да биде навреда кон Ставревски. Оваа реченица се издвојува со зборот „Едноставно“ што во случајов значи дека се поедноставува тоа што претходно се изнесува, а тоа претходно се факти, односно зборови на двајца соговорници од аудио снимка, кои значително го нарушуваат избирачкиот процес во полза на партија, а двајцата се од висок ранг во МВР, институција која за време на избори треба да се однесува спротивно на тоа што се слуша на снимката.

Поентата на нашиот одговор е дека текстот треба да се чита како целина, а не како реченици сами за себе, затоа што речениците кои ги сметате за клеветнички кога ќе ги извадите самостојно како цитати имаат значење надвор од контекстот на кој се однесуваат, но ако се стават во контекстот заради кој се напишани тогаш во ниту еден случај не може да бидат клевети и навреди, туку само толкувања и коментари. Оттаму текстот на Нова ТВ немал намера, ниту пак го клевети Ставревски.

демант МВР одговор Ристе Ставревски СВР Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.