Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложен распитот на осомничените во случајот „Тортура“

0
By Нова ТВ on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 7, 2016 13:02

Распитот на  шестмината осомничени во случајот „Тортура“ на СЈО, денеска е одложен, на барање на осомничените, соопштува Кривичниот суд.

-Се одложува бидејќи истите побараа дополнително време за увид во предметот кој не им бил овозможен во обвинителството, а кој увид судија на претходна постапка согласно ЗКП го дозволува.

Распитот по однос на предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост – Забрана за преземање на определни работни активности поврзана со кривичното дело, за шестмината осомничени, со решение на судија на претходна постапка, а по согласност на странките во постапката кои беа присутни на денешното сослушување, се презакажува за 14.07.2016 година, се вели во соопштението на Кривичен.

Случајот „Тортура“ кој го покрена Специјалното обвинителство се однесува на нечовечно постапување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

Првоосомничен е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но тој не е дел од постапката бидејќи кога се отвори предметот за него важеше аболицијата од претседателот Иванов.

Второосомничен е Ивица Анчевски – Пуки, актуелен командант на единицата Алфи и уште петмина полициски службеници.

Против сите лица вработени во МВР побарана е предлог мерка на претпазливост, забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Како што образложија СЈО, врз основа на доказниот материјал има основано сомнение дека на ден 6 јуни2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот – директор на УБК, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата Алфи, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице – оштетениот Љубе Бошковски, да му предизвикаат душевно страдање, стои во соопштението на СЈО за предметот „Тортура“.

Петтемина полициски службеници, со наредба на командантот на Алфите, според извештајот на СЈО, при апсењето на Бошковски употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го и држејќи го за рацете.

Со ваквото постапување, според СЈО, осомничените му нанеле душевно страдање на Бошковски, директно му било понижено човековото достоинство и личноста и го дискриминирале врз политичка основа, што се докажува и од вештачењето за неговата психофизичка состојба во тој момент.

СЈО Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.