Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено рочиштето за Поткуп, Заев се сомнева на злоупотреба на ПИМ

0
By Нова ТВ on April 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше одложено за 4 мај по барање на одбраната да им бидат доставени сите докази од предметот кои се уште не им се доставени од страна на Обвинителството, иако вакви барања имало повеќе пати досега.

Адвокатот Филип Медарски истакна дека нивно законско право е да ги имаат доказите во рака бидејќи според Законот за кривична постапка нив треба да ги добијата уште кога им бил доставен обвинителниот акт. Тие направиле увид на доказите, меѓутоа не добиле копија.

Обвинителот Владимир Милошески од Одделот за организиран криминал, чиј мандат во меѓувреме е продолжен и останува на овој предмет, појасни дека доказите со ПИ мерки по завршувањето на истрагата му се предадени на Судот и тие се во еден примерок, кој ги има само Судот.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го задолжи Обвинителството да ги достави доказите за да можат  адвокатите да подготват одбрана и на следното рочиште да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќање на Заев и адвокатите.

За Заев спорно е тоа што при увидот што го имаат направено, по завршување на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки , што според него, е клучно за да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка.

Заев рече дека од двеста страни докази против него дека наводно барал поткуп за изградба на црква, Обвинителството до денеска не му дало ниту една страна, ниту еден доказ. Се сомнева дека Обвинителот и Обвинителсвото од коешто што доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов од кој наводно барал поткуп и секојдневно ги преслушуваат и си креираат, како што рече Заев, нови дела и обвиненија против него.

– Наредбите ги бараме уште од самиот момент на предистражна и истражна постапка, на донесување на обвинителен акт и како што гледате до денеска не можеме да добиеме препис од наредбите за да можеме да ја видиме законитонста на начините на постапката на обезбедување на посебните истражни мерки и моето телефонско слушање на двата телефонски броеви. Во другите случаеви, на пример во „Пуч“ тоа ни беше овозможено. Тоа е право на одбраната да има свој увид. Во овој случај тоа не е овозможено, ние искрено се сомневаме во незаконитоста на постапката, на обезбедувањето на посебните истражни мерки имајќи во предвид дека државното јавно обвинителство токму овие прислушкувани разговори си ги разгледува секојдневно, си создава нови предмети, си шири нови истраги, си отвора нови предистражни постапки, сосема различни од оваа. Сето ова ни индицира сериозно сомневање за законитоста во постапката на посебните истражни мерки коишто се составен дел од самото темелење на докази за обвинението, кадешто се работи точно за следење на моите телефонски разговори, изјави Заев за медиумите.

Заев поткуп рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.