Марсел Кител ја забележа третата победа на Тур де Франс што, за разлика од претходните две, беше одлучена со фото-финиш. По неколку прегледувања на снимките е заклучено дека германскиот велосипедист влегол во целта пред Норвежанецот Едвалд Боасон Хагел. Времето што притоа го оствари на 213,5 километри долгата делница од Троа до Нис-Сен-Жорж е 5:02,00 часа.

Ова за Кител е 12 етапна победа во кариерата на Тур де Франс со што се израмни со досегашниот германски рекордер, Ерик Цабел.

Жолтата маичка останува кај Британецот Крис Фрум, трикратен освојувач на велосипедската трка околу Франција. Годинашното издание продолжува утре со осмата етапа (ридска) од Доле до зимскиот скијачки центар на францускиот исток, Руже, во должина од 187,5 километри.