Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) вечерва во Истанбул, по пат на ждрепка, го одреди составот на осумте групи за новата сезона во Лигата на шампиони.
Првите натпревари се закажани за 14 и 15 септември, а завршното коло ќе се игра на 7 и 8 декември. Финалето ќе се игра на 28 мај во Санкт Петербург.
Група A: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж
Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан
Група Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ
Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтјор, Шериф
Група Е: Баерн, Барселона, Бенфика, Динамо Киев
Група Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс
Група Г: Лил, Севилја, Салцбург, Волфсбург
Група Х: Челзи, Јувентус, Зенит, Малме