Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одземена дозволата на Радио Слободна Македонија

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на својата вчерашна седница ја одзеде дозволата за емитување на радиото „Слободна Македонија“.

Одлуката беше донесена едногласно. Претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, рече дека медиумот има опција по судски пат да ја продолжи битката. Тој изрази жалење за вработените, кои како што рече, сигурно веќе подолго време се без работа.

ААВМУ претходно по извршен вонреден надзор констатираше дека оваа радиодифузна куќа повеќе не ги исполнува минималните кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Лиценцата на оваа радио станица е одземена поради не исполнување на условите од правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови, односно во делот на исполнување на кадровските услови, поради недоволен број на вработени лица.

Во медиумот подолго време нема никаква активности, а канцелариите веќе неколку месеци се затворени.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на крајот на април најави дека ќе започне постапка за одземање на концесијата на Радио Слободна Македонија.

Во Извештајот што е објавен на интернет страницата на АВМУ од контролата во Трговското радиодифузно друштво Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје било утврдено дека не се исполнети минималните кадровски услови утврдени со Правилникот за минимални технички, просторни, финансики и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Радио Слободна Македонија почна со работа на 11 декември 2013 година.

На ова радио свои емисии имаа Миленко Неделковски, авторот на „Јади бурек“ Јанко Илковски, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски и уредници во неколку национални телевизии кои беа блиски до режимот на Груевски.

ААВМУ одземена дозвола Радио Слободна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.