Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридскиот регион го задржа статусот на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО

0
By Biljana on July 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 25, 2021 16:59

Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на 44-тата пленарна сесија што се одржува во Кина денеска донесе одлука на Северна Македонија и на Албанија да им се даде дополнителен рок да постапуваат согласно препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО, со што Охридскиот регион не е поместен на Листата Светски културни и природни богатства во опасност.

Усвоените измени на нацрт-одлуката предложени од работната група значат бришење на одредбата што предвидуваше поместување на Охридскиот регион на листата загрозени вредности, како и корекции во дел од одлуката со прецизно дефинирани дополнителни рокови за постапување по препораките и строг надзор на активностите.

На одлуката и претходеше дополнителна тридневна расправа на Комисијата за светско наследство со комисиите на БиХ, Норвешка, Русија и на Бахреин за усогласување на спротиставените позиции по предлогот на БиХ да се даде рок од две години Северна Македонија и Албанија да ги исполнат препораките содржани во Извештаите на УНЕСКО.

Од име на македонската Влада пред Комитетот се обрати Министерот за животна средина Насер Нуредини, кој изрази благодарност што биле препознаени вложените напори и на двете држави им е одобрен дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки. Посебна благодарност тој упати до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија, но и до Австралија и Норвешка за, како што рече, конструктивните забелешки и совети.

„Драго ми ешто Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација“, рече тој, повикувајќи ги сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации и субјекти да се вклучат во заштитата на регионот со очекување на позитивен извештај во иднина.

Благодарност до БиХ за предложениот амандман со кој се пролонгира рокот за отстранување на забелешките на Реактивната мисија на УНЕСКО упати и Република Албанија, чиј претставник укажа на потребата да се стори повеќе, подобро и побрзо во адресирањето, идентификувањето и препознавањето на квалитативните страни, но и на слабостите на прекуграничното наследство.

„Апсолутно сме свесни дека само со координирано делување и прецизни временски рокови ќе ги решиме сите идентификувани проблеми и подготвени сме да работиме заедно со УНЕСКО и надзорните тела на светската организација“, посочи албанскиот претставник.

Можност да се обрати пред Комитетот имаше и претставник на неформалното еколошко движење „Охрид СОС“ кој изрази отворено негодување, со забелешка на тоа што им е ускратена можноста да се обратат пред да биде донесена одлука.

„Во 2019 година со вашата одлука за Охридскиот Регион овозможивте дополнителни две години бетонирање на брегот на Охридско Езеро, дополнителни две години влевање гнасотии во неговите води и дополнителни две години трупање отпад во супстандардните депонии во неговиот слив. Истовремено прифативте дополнителни две години изговори, одложувања, лажирање, заблуди и кревки планови што обезбедуваат заштита само на експлоатацијата на регионот. Оваа исклучителната универзална вредност му припаѓа на целото човештво. Кога ќе сфатите дека со овие ваши постапки губите и вие?“, праша претставникот на „Охрид СОС“.

Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.

Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.