Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО ќе истражува како се трошеле пари во Институтот за јавно здравје

0
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ревизорскиот извештај за тоа како се трошеле парите во Институтот за јавно здравје е испратен до Јавното обвинителство – потврдија од Владата од каде што додаваат дека „министерот за здравство Венко Филипче наредниве денови ќе има состанок со директорот за увид во стотојбите и координација на идните активности“.

Ревизорот откри дека во Институтот „при исплатата на платите има субјетивизам и нерамноправност“. Едно исто лице било и раководител на сектор и началник на поедини одделенија – се исплаќале плати во износ кој е повисок од коефициентите за плати на кои се распоредени и образованието кое го имаат.

„Најмалку 7 лица извршуваат работни задачи за кои не е предвидено надоместок на плата  од 0,25, а тој им е одобрен. Според колективниот договор право за надоместок на основниот коефициент на плата во висина од  0,25 остваруваат единствено лицата кои работат како одговорни лаборанти, а  со увид во персоналните досиеја не утврдивме доказ дека тие работат како лаборанти“ пишува Ревизорот.

Прекувремена работа се исплаќало на едни исти лица – од вкупно 46 извршени анализи за 19 вработени на ревизорите не им било презентирано одобрение за прекувремена работа како основ за извршена исплата. Нема пишан документ на кои работни задачи работеле лицата надвор од работното време, а во еден случај имало бланко одобрение без да се наведат датумите за кои се издава прекувремената исплата на плата.

Распоредувањето на вработените и исплатата на плата се вршела според интерен акт кој не е усогласен со Министерството за здравство, па така за едно работно место се барало лицето да има завршено Факултет за инфермиерство кој не постои во нашата држава.Ова работно место е пополнето од лице кое доставило ваква диплома, но нема доказ дека таа е нострифицирана во нашата земја.

Едни исти лица биле именувани за началници на одделение и за раководители –  едното лице воопшто не било евидентирано во електронскиот систем за евиденција за присуство на работното место и постојат индиции дека извршува работни задачи на друго работно место.

Со ваквиот начин на исплата на плата и надоместоци се прекршени Законот за здавствена заштита, за административни службеници, за работни односи, Законот за вработените во јавниот сектор.

Исто така Ревизорот констатира дека не се воспоставени интерни контроли и не се донесени пишани процедури во врска со приемот, издавањето на материјалите и донациите, сервисирањето на возилата, фактируирањето на услугите за да се потврди веродтсојноста на истите.

Ваквата состојба создава ризик од неосновани плакања  кои се рефлектираат на висината на расходите  и ризик од ненаменско трошење на пари.

Во декември била формирана пописна комисија, но таа до моментот на ревизија не извршила попис на средствата со кој располага Институтот – на градежното земјиште, уметничките слики , средствата добиени како донација. Па така Ревизорите не можеле да утврдат каде се наоѓа материјално средство вредно 55 илајди евра, а констатирале дека  апарат набавен во 2015 гоина во вредност од 15 илајди евра се уште не е ставен во употреба иако за него се пресметува амортизација од моментот на набавката. Нема докази дека институцијата воспоставила евиденција на медицинските апарати со кои располага, ниту на средствата во висина од 100 000 евра дадени од Министерството за здравство ниту донациите во висина од 96 илјади евра.

Директор на оваа институција веќе 9 години е Д-Р Шабан Мемети.

Влада Институт за јавно здравје Мемеди обвинителство ревизорски извештаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.