Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против девет лица учесници во нередите во Собранието на Република Македонија. Осомничените се товарат дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик.
За две од лицата за кои е поднесен Обвинителниот предлог, надлежен обвинител поднесе и Предлог за продолжување на мерката притвор.
За едно лице кое досега беше во притвор, јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека има простор за ублажување на предложената мерка , па поднесе предлог за определување на мерка Куќен притвор.