Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО поднесе предлог обвинение за смртта на родилката во „Санте Плус“

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По сеопфатна постапка, Основното јавно Обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за сторено кривично дело – „тешки дела против здравјето на луѓето“ од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и кривичното дело – „тешки дела против здравјето на луѓето“ од член 217 став 3 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 18.01.2018 година, како лекар специјалист – анестезиолог, при укажување на лекарска помош, применил очигледно неподобен начин на лекување и со тоа предизвикал смрт кај едно лице – родилката Дебора Ќерими – Џамбази, како и тешко нарушување на здравјето на нејзиното новороденче. Спротивно на Законот за здравствена заштита, обвинетиот вработен на Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, склучил Договор за дело со приватна здравствена установа, со кој се обврзал да ги извршува работите на работно место доктор-анестезиолог во периодот од 16.01-28.01.2018 година. Притоа, тој го склучил договорот без да го поседува потребното работно искуство во специјалноста над две години и без да постои договор меѓу клиниката во која работел и приватната болница. Во исто време, приватната здравствена установа била надвор од мрежата и согласно Законот за здравствена заштита немала право да ангажира здравствени работници за вршење дополнителна дејност. На овој начин тој се приклучил на оперативниот тим во кој биле двајца лекари специјалисти – гинеколози кои на 18.01.2018 година вршеле хируршки зафат – царски рез врз сега починатата родилка. Обвинетиот започнал со воведување на пациентката во општа анестезија, но ендотрахеалниот тубус наместо во дишните патишта, првично го поставил во луменот на хранопроводникот што предизвикало недостаток на кислород во организмот од тежок степен и трајни оштетувања на витално важни органи. Од тие причини, кај родилката настапил смртен исход, а кај нејзиното новороденче биле предизвикани трајни и значителни оштетувања на мозочното ткиво“, се вели во соопштението на ОЈО.

Во дописот натаму се посочува дека „од обезбедените материјални докази од сите релевантни институции кои поседуваат документација, како и од медицинските вештачења од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, произлезе дека во овој предмет од кривично-правен аспект постојат елементи на кривична одговорност за едно лице. Исто така, од сите обезбедени докази, од прекршочно-правен аспект произлезе дека постои основ и за прекршочна одговорност, па така, обвинителството во јануари 2020 година до Министерството за здравство поднесе Иницијатива за покренување прекршочна постапка против две правни лица, против одговорните лица во тие две правни лица, како и против двајца други здравствени работници – доктори“.

Иницијативата за прекршочна одговорност за двете правни лица е поведена заради констатирани прекршоци од член 306 став 3 во врска со став 1 алинеја 4, како и член 305 став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. За одговорните лица во правните лица се утврдени прекршоци согласно член 306 став 2 во врска со став 1 алинеја 4 и член 305 став 2 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. Двајцата здравствени работници, пак, сториле прекршок согласно член 305 став 3 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита.

обвинение ОЈО родилка Санте Плус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.