Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе предлози за казнени налози против 23 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

„Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации“, информираат од ОЈО Скопје.

За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на парична казна по 100 дневни глоби со дневна вредност од 20 евра во денарска противвредност.​