Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу 15 тони отпадно масло од македонските домаќинства и 5.000 тони од индустријата, европјаните гo трошат како био дизел за возилата

0
By НОВА ТВ Balaban on December 30, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За шест месеци во 2017 година, на пример, граѓаните собрале и  предале само 419 литри употребено масло, а за истиот период оваа година – од јануари до мај 2021 – предадени се 2. 824 литри искористено масло

Се зголемува интересот кај граѓаните и компаниите во земјава за собирање искористено масло за јадење, кое потоа се рециклира.

Почнувајќи од 2009 година досега, само од домаќинствата во земјава биле собрани над 15 тони отпадно масло, а вкупно и од индустриското  производство, над 5.000 тони. За шест месеци во 2017 година, на пример, граѓаните собрале и  предале само 419 литри употребено масло, а за истиот период оваа година – од јануари до мај 2021 – предадени се 2. 824 литри искористено масло. За тоа колку ова искористено масло е штетно за животната средина, алармира и податокот дека само 1 литар може да загади дури до еден милион литри чиста вода за пиење!

Од маслото за јадење со кое пржиме помфрит, во Европа возат автомобили на био-дизел!

За интересот кај граѓаните за собирање искористено масло за јадење, кое потоа се рециклира, од компанијата „Суниленс“, којашто пред 12 години ја започнала оваа дејност, велат дека повеќе од 2. 000 домаќинства од целата земја собираат отпадно масло.
– Интересот кај граѓаните се зголемува, а преку проектот „Рециклирај и донирај“ , освен што се зголемува свесноста за собирање и рециклирање отпад, на граѓаните им нудиме и можност да донираат половина литар масло за јадење за собрани три литри искористено масло, но тоа можат да го задржат и за себе. Од мај 2017 започна овој проект, којшто е прв од тој вид кај нас. Во изминатите 4 години собравме 15 тони отпадно масло од растително потекло од домаќинства – велат за НОВАТВ од „Суниленс“.
За тоа колку често граѓаните ги повикуваат за да им го земат маслото што го собрале и каде од тавите и садовите потоа „патува“ искористеното масло, од компанијата одговараат:
– Некои еднаш во годината, а некои на три месеци нѐ викаат да го преземеме маслото што веќе го употребиле. За споредба, во 2017 година за шест месеци граѓаните предале само 419 литри употребено масло, а за истиот период оваа година – од јануари до мај 2021 – предадени се 2.824 литри.
Потоа маслото се преработува, се вадат сите нечистотии, по што готовата суровина се извезува како био-гориво.
– Нашата компанија е сертифицирана и за производство на био-маса, а производот што го добиваме од рециклирање на отпадното масло од растително потекло ние го извезуваме во странство, бидејќи кај нас нема производители на био гориво што тука би ја користеле оваа суровина. Додека во земјите на ЕУ го користат за производство на био дизел горива, спрема стандардот ЕН (EN) 14 214, велат од оваа компанија. 
Досега само од домаќинствата во земјава биле собрани над 15 тона отпадно масло, а вкупно и од индустриското производство над 5.000 тони или 5.000.000 килограми од овој вид отпад, сметајќи од 2009 година. 
Во периодот од 2009 – 2021 (заклучно со месец мај) во компанијата собрале, преработиле и извезле од земјава над 5.000 тони или 5.000.000 килограми .
– Важно е дека кај граѓаните се зголемува свеста за собирање на отпадно масло, и голем дел од нив се благодарни што повеќе не мора да го истураат искористеното масло во лавабо или на друго место и да ја загадуваат животната средина, туку придонесуваат за почиста околина. А секако, угостителските објекти се нашите најголеми собирачи на отпадно масло од растително потекло, односно хотели, ресторани, сендвичарници, како и други фирми кои подготвуваат храна. Наместо отпадните масла за јадење да се отстрануваат по депониите, да се користат за добиточна храна или да се исфрлаат директно во животната средина, нашиот систем за управување со отпад овозможува безбеден и стандардизиран кружен пристап за собирање и рециклирање на овој отпад, којшто е од корист на општеството и обезбедува правилно да се собира, третира и рециклира во нов зелен производ – биодизел – велат од компанијата.
МЗЖСПП: Потребно е да се инвестира во технологија, но и да се воспостави шема за собирање, што е скапо
Во врска со тоа има ли податок колку годишно во Македонија се создава отпадно масло и зошто од оваа суровина и кај нас не се произведува биодизел, од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање за НОВАТВ појаснуваат:
– Околу прашањата немаме точен податок колку се создава отпадно масло од домаќинствата, бидејќи не се собира одделно, (освен иницијативата на „Суниленс“), сѐ оди како комунален отпад од домаќинствата. За да се искористи отпадното масло како суровина за гориво, потребно е да се инвестира во технологија, ако имаат интерес правните лица може да го прават тоа согласно законот, само треба да се воспостави шема за собирање, што е скапо. Во РСМ има возила кои може да го користат ова како гориво, но сѐ зависи дали ќе има производство – вели м-р Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад.
Љубица Балабан

 

„Рециклирај и донирај“ „Суниленс“ Ана Ана Каранфилова Мазневска био дизел домаќинства отпадно масло
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.