Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија, кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, порача Олбрајт
Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, им се заблагодари денеска на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца, на лидерите на цивилното општество.
Олбрајт напиша на „Твитер”:
– Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија, кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца, на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други, порача Олбрајт.