Оливер Андонов, кој беше министер за внатрешни работи на еден ден е именуван за директор на ЈП Јасен, пишуваат Плусинфо и А1он.
ОД ЈП Јасен за НОВА изјавија дека не можат да ја потврдат информацијата, а како што пишуваат медиумите, неговото пристигнување и првиот состанок со колективот се очекува да се случи наредните неколку дена.
За потврда на оваа информација не е достапен ниту Андонов.
Оваа информација доаѓа непосредно по пишувањата на неделникот „Фокус“, дека Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски треба да бидат сместени во „Јасен“ од каде би командувале во случај на прогласување на воена состојба доколку парламентарното мнозинство избере нов спикер и нова влада.