Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Спасовски бара разрешување на директорот на БЈБ Велковски

0
By Нова ТВ on August 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, откако се утврди дека ќерката на Велковски патувала со службен полициски џип на одмор во Грција.

Истрагата на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдила дека  службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ било пратено во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Возилото го управувал  полициски службеник.

 

Лазе Велковски – директор на БЈБ

Во својот исказ, директорот на Бирото за јавна безбедност Велковски рекол  дека го ангажирал службеното возило „од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство“. Велковски исто така кажал дека дента, на 2 август кога ќерка му патувала, тој бил работно ангажиран на прославата на Илинден и „заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама“.

Ќерката на Велковски до Грција ја возел член на неговото обезбедување.

„Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски“ соопштуваат од МВР.

Претходно, МВР соопшти дека возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција, а вратено е во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година.

 

Велковски МВР смена Спасовски Џип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.