Варијантата „Омикрон“ носи “многу висок ” глобален ризик од пораст, предупреди Светската здравствена организација, зашто се повеќе земји пријавуваат случаи, што доведе до затворање на границите и оживување на загриженоста околу економското закрепнување од двегодишната пандемија, пишува Ројтерс.
Додека научниците се прашуваат дали „Омикрон“ може да ја престигне варијантата Делта, еден врвен стручњак за заразни болести рече дека постоечките вакцини против КОВИД-19 веројатно се ефикасни во спречувањето на тешката форма и хоспитализацијата.
Сингапур и Малезија повторно ја отворија една од најпрометните копнени граници на светот, дозволувајќи им на вакцинираните патници да преминат, но и постоеше загриженост дека границата би можела да биде повторно затворена поради новата варијанта.
Австралија соопшти дека ќе го одложи повторното отворање на своите меѓународни граници за две недели, откако ги пријави првите случаи на оваа варијанта.
Штом Шкотска ги пријави првите шест случаи заразени со варијантата „Омикрон“, првата министарка Никола Стерџон рече дека е малку веројатно но не и невозможно , тие да се поврзани со конференцијата Коп-26 одржана порано месецов во Глазгов.