Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омикрон сѐ уште не е откриен во Македонија, не бил ниту тестиран, ќе го „ловиме“ пред Нова година

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: straitstimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зависно од бројот на доставените примероци, на анализа може да се почека и  неколку недели, па ќе видиме дали овој сој ќе биде „уловен“ кај нас пред Нова година.

Институтот за јавно здравје на РСМ сѐ уште не го тестирал сојот омикрон со последното секвенционирање на примероците од минатиот месец, бидејќи тогаш овој сој се уште не беше откриен. До Нова година се очекува да се прави  нова анализа дали оваа варијанта е присутна и кај нас.

– Досега во лабораториите на Институтот за јавно здравје овој сој не е баран во  примероците, па нема одговор на прашањето дали веќе сме го „увезле“. Правени се секвенционирања на 48 материјали во ноември и кај сите е присутен само делта-сојот. Ги немаше делта-плус и омикрон-сојот, ќе треба да почекаме за следното секвенционирање овој месец – вели д-р Драган Кочински, епидемиолог од Институтот.

Зависно од бројот на доставените примероци, на анализа може да се почека и  неколку недели, па ќе видиме дали овој сој ќе биде „уловен“ кај нас пред Нова година.

Европските земји регистрираат речиси 2 милиони нови случаи во последнава недела, а новиот сој е откриен во повеќе од 50 земји во светот.

На онлајн-средбата денеска, организирана од НВО Инфоцентарот, на која и преку инфографици беа презентирани информациите за ковид-пандемијата, освен нашите лекари, говореа и претставници од Светската здравствена организацијa(СЗО).

– Европскиот регион е епицентар на пандемијата последните недели. Повеќе од 20 земји пријавиле дека го пронашле омикрон-сојот, најчесто преку увезени случаи, но и преку локално пренесување, изјави рече Михаела Хегелман-Линдеркрон од СЗО.

Во Македонија досега има 7.688 смртни случаи од ковид-19, а според  информациите објавени на инфографиците на ИЈЗ, починале и седум родилки и 24 здравствени работници.

Повторно се заразиле со ковид-19 вкупно 964 лица, а по третпат од корона заболеле две лица. Околу 25 отсто од заразените претходно контактирале со друго заразено лице, а осуммина од повторно заразените починале.

Најновиот извештај од Институтот за јавно здравје обелоденува и дека ковид-19 бил фатален за три од сто заболените лица кај нас, а секој десетти завршил во болница со тешка форма на болеста.

 

 

Драган Кочински Институтот за јавно здравје Михаела Хегелман-Линдеркрон не е откриен Омикрон СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.