Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН бара истрага за крвавите протести во Газа

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара независна истрага по крвавите настани во Газа во кои загинаа шеснаесет Палестинци  во судирите со израелските војници, а стотици беа повредени.

Судирите се случија во вчера – тоа беше  најсмртоносниот ден во израелско-палестинскиот конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година.

Советот за безбедност на ОН го осуди насилството на итна седница.

Шефот на заменик-министерот за политички прашања на ОН, Тај-Брук Зерихоун, изјави  дека ситуацијата во Газа „може да се влоши во наредните денови“ и повика во судирите да бидат заштитени цивилите,особено децата.

„Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународните човекови права и хуманитарното право“, рече тој.

Во писмена изјава пред состанокот на Советот за безбедност, израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, ја обвини милитантната група Хамас за крвопролевањето.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека израелските власти имаат „целосна одговорност“ за крвавите судири.

Илјадници Палестинци вчера го почнаа шестнеделниот протест под шатори долж границата со Израел со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата.

Организатор на протестите е Хамас. Првиот ден од протестите се совпадна со „Денот на земјата“ кога Палестинците им оддаваат почит на шестмина невооружени Палестинци, кои беа убиени во судир со израелските сили за време на демонстрации против конфискувањето земјиште на 30 март 1976 година.

Според израелската армија Палестинците ги нападнале припадниците на израелската армија, распоредени долж границата, со запалени гуми и камења, а  израелските војници возвратија со солзавец и огнено оружје.

Лидерот на военото крило на Хамас во Појасот Газа, Јахија Синвар изјави дека Израел треба да го почитува барањето на десетици илјади Палестинци, кои демонстрираат за правото на враќање во своите домови во Израел, кои ги напуштија по создавањето на еврејската држава во 1948 година.

– Маршот за враќање ќе продолжи. Нема да престанеме додека не се отстрани границата (помеѓу Газа и Израел), најави Синвар.

 

газа загинати Израел Палестина судири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.