Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН бараат од Владата да ги подобри условите за бегалците

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенциите на Обединетите нации во Македонија се сериозно загрижени за условите во кои се наоѓаат бегалците кои останаа заглавени во државата. Во соопштението се вели:

„Поради постепеното заострување на критериумите за влез во земјата во февруари оваа година и конечното затворање на границите од Западниот Балкан за нередовно движење на 7 ми март 2016, група од околу 1.000 лица остана во државата, без можност да продолжи до својата конечна дестинација. Речиси сите се од Сирија и Авганистан. Во моментов, околу 770 лица се сместени во транзитниот центар Табановце на северната граница, а околу 138 престојуваат во транзитниот центар Винојуг, на јужната граница во Гевгелија.

Дополнително, 61 лице е во центарот за баратели на азил во Визбегово, каде што чекаат на одлуки за поднесените барања за азил, а дополнителни 12 ранливи поединци се сместени во куќа за згрижување во Скопје. Агенциите на Обединетите нации се сериозно загрижени поради условите во коишто живеат овие лица. Двата главни центри за сместување се проектирани, изградени и опремени исклучиво како транзитни центри, со можност за згрижување на минувачки посетители до најмногу 24 часа. Тие не се центри за престој.

Луѓето кои престојуваат во речиси празниот камп во Винојуг ги користат креветите на спрат во контејнерите, но во Табановце има недостаток од кревети и мнозинството луѓе кои престојуваат таму спијат на клупи, на подот во колективните засолништа, или надвор во шатори. Немаат приватност. Често снемува струја. Греењето кога надвор е студено и ладењето кога надвор е топло се несоодветни. Санитарните услови се примитивни. Слободата на движење е ограничена, што ги принудува луѓето да живеат во услови слични на притвор. Повеќето од луѓето во Табановце живеат во вакви услови повеќе од два месеца.

Владата, агенциите на Обединетите нации и невладините организации направија големи напори за да ги приспособат центрите на новите потреби, но тие се сè уште несоодветни за подолг престој. Условите во центарот во Визбегово за барателите на азил се исто така незадоволителни. Лицата таму добиваат неквалитетна храна и во недоволни количини; хигиената е на ниско ниво; нема топла вода; нема реквизити и можности за рекреација; и пристапот до информации е несоодветен. Ваквите лоши услови особено загрижуваат поради високиот број ранливи и кревки лица помеѓу бегалците и мигрантите во земјата.

Профилирањето на поединци коешто неодамна го спроведе УНХЦР покажа дека жените и децата претставуваат повеќе од две третини од целата група. Вкупно 28 жени се бремени, четири се во деветиот месец на бременоста, а 32 мајки дојат. Меѓу бегалците 187 од вкупно 517 деца се под петгодишна возраст, а во групата луѓе кои се во моментов сместени во Табановце има и неколку новороденчиња родени во изминатите два месеца. Таму има 49 самохрани родители кои патуваат со децата. Има 26 лица со попреченост, а 127 страдаат од сериозни здравствени состојби.

Сите овие лица имаат специфични потреби во врска со кои во моментов речиси и да не се постапува. Ваквите тешки услови дополнително го зголемуваат и така високиот ризик од сексуално и родово насилство, особено каде што неизвесноста, наметнатата неактивност и материјалните ускратувања доведуваат до фрустрација. На жените и девојчињата кои се соочуваат со ризик од експлоатација и трговија со луѓе треба да им се обезбеди дополнителна заштита.

Агенциите на Обединетите нации бараат од Владата да преземе итни мерки за да ја подобри оваа ситуација, а конкретно на бегалците и мигрантите да им понуди сместување кое е соодветно за подолгорочен престој. Агенциите на Обединетите нации се подготвени да обезбедат и техничка и финансиска поддршка за изнаоѓање решенија кои ќе понудат поголемо почитување на човечкото достоинство и дополнителна заштита за големиот број ранливи лица.

Обединетите нации го препознаваат огромниот предизвик со кој се соочува државата поради големиот транзит на мигранти и бегалци. Истовремено, тие имаат целосна доверба дека државата е целосно способна да обезбеди похумани услови за 1.000 бегалци и мигранти кои се во моментов сместени во центрите за транзит и азил. Агенциите на Обединетите нации ја потврдуваат нивната подготвеност да ги поддржат државните власти и партнерите од невладините организации во овој напор да се излезе во пресрет на основните потреби и да се заштитат човековите права, се вели во соопштението од Агенциите на ОН во Македонија.

бегалци ОН услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.