Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН и ЕРРЦ со критики до Владата за иселувањето на Ромите

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 11, 2016 12:34

Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) ја повика македонската влада да обезбеди итно сместување и нега за две бремени жени Ромки, кои во текот на летото станаа бездомнички, токму поради македонските власти, велат од Европскиот центар за права на Ромите со седиште во Бумипешта. Тие ги преставуваат Ромите кои беа иселени од импровизираните куќи под Кале, каде што живееја во изминатите девет години.

Од Европскиот суд за човекови пак, права добиле одлука да се покрене брза постапка за случајот на 53 Роми и да се испрати итно известување до македонската Влада.

Комитетот на ОН одговорил на жалбата поднесена во име на жените од страна на Европскиот центар за правата на Ромите(ЕРРЦ).

Ромките заедно со нивните семејства беа иселени без соодветна постапка или консултација и спротивно на меѓународните обврски што ги има Македонија во однос на инклузијата на Ромите, велат од ЕРРЦ.

romi-2

„Со иселувањето, жителите на населбата беа оставени на улица додека беа поплавите, без пристап до вода и електрична енергија. Со опаѓањето на температурата и влошувањето на временските услови, овие бремени жени, кои се тинејџерки, се соочени со ризикот да го поминат нивното последно тромесечје од бременоста во студени шатори и импровизирани засолништа покрај патот. Властите не направија вистински напор за да обезбедат домување за иселените луѓе. На некои од нив им беше понудено место во прифатен центар кој е веќе преполн, додека пак на други, вклучувајќи ги и овие жени, не им беше понудено ништо, затоа што како и голем дел од Ромите во Македонија, тие немаат документи за идентификација“, велат за НОВА од ЕРРЦ.

„Ова ми е прва бременост. Очекувам бебе за три месеци, но немам здравствено осигурување и немам средства за прегледи. Претходно, барем имавме куќа и имаше пумпа за вода, а сега е многу тешко, затоа што сме на отворено и времето е многу ладно, особено навечер“, вели една од бремените жени за ЕРРЦ.

Ова барање од Комитетот на ОН, го зајакнува повикот на ЕРРЦ за итно и нужно сместување на жените, додека пак останатите Роми од населбата продолжуваат да се борат пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) против нивното присилно иселување, велат од организацијата. Од Европскиот суд за човекови права пак,  добиле одлука да се покрене брза постапка за случајот на Ромите кои беа иселени од живеалиштата и да се испрати итно известување до македонската Влада.

romi-1

Минатиот месец, 53 Роми кои беа иселени од нивните живеалишта, побарале помош од ЕРРЦ, кој покренал итна постапка. Судот испратил итно известување до македонската влада да одговори за незаконското и присилно иселување на Ромите.

Од ЕРРЦ велат дека го поздравуваат брзиот одговор на Комитетот на ОН и дека внимателно ќе ги следат настаните за да видат дали македонските власти ќе реагираат на тоа.

„Присилните иселувања на Ромите претставуваат криза и без сомневање, тоа е расистичка криза. Ромите се истуркани да живеат на маргините, а потоа се туркаат уште подалеку. Овој случај ги покажува реалните последици за бремените жени и нивните семејства. Драго ми е што Комитетот на ОН сериозно го сфаќа ова прашање. Но, македонските власти треба да знаат дека и ние сме сериозни, исто така. Со секој ден што не реагираат, тие само ги влошуваат нивните неуспеси и ние нема да запреме сè додека не обезбедиме правда за овие жени и за останатиот дел од заедницата“, вели Ѓорѓе Јовановиќ претседател на ЕРРЦ.

romi-4Во исто време, ЕРРЦ ќе продолжи да ги претставува жените пред Комитетот на ОН, за  признавање на нивното право на репродуктивна здравствена нега, правото на соодветни услови за раѓање и одгледување на нивните деца и правото на недискриминација.

Европскиот Центар за Правата на Ромите(ЕРРЦ) е водечка меѓународна правна организација од јавен интерес која што е вклучена во низа на активности во борбата за спречување на расизмот против Ромите, како и повреда на човековите права на Ромите.

 

ЕРРЦ Комитет на ОН Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.