Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотина Роми на улица – град Скопје им ги сруши импровизираните куќи

3
By Влатко Чаловски on August 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 1, 2016 16:08

Околу стотина граѓани утрово останаа без дом, откако во заедничка акција на град Скопје и Министерството за труд и социјална политика багерите ги рушеа импровизираните домови на мала заедница Роми кои своето место го нашле под Кале до реката Вардар.

Како што раскажува пред камерата на НОВА, Асан Реџеп, багерите пристигнале со присуство на полиција како и специјална единица и нивните домови биле срамнети со земја.

– Дојдоа сабајлево. Уште пред една недела ни рекоа да ги спакуваме алиштата, ќе дошле да рушат. И им реков ако рушат ние нема кај да одиме со децата, фамилијата, и ми рекоа дека нив тоа не ги интересира. Тоа ни го рекоа луѓе на градоначалникот Коце Трајановски, вели Реџеп.

Тој заедно со останатите кои живееја на ова место упатуваат апел до поранешниот премиер Никола Груевски да им помогне, бидеј во спротивно велат ќе спијат пред Владата и ќе ги блокираат улиците.

– Дојдоа багери, три комбиња полиција, специјалци и не извадија надвор.Надвор ќе спиеме, кај да одиме. Имавме социјално ни го укинаа, леб јадеме од канти. Шишњата ги собираме од канти и ги продаваме. Девет години живееме овде, во импровизирани колиби од дрва и најлони и сега ги срушија се жали тој.

Овие домови, импровизирани бараки и претходнот биле уривани од инспекциските служби но како што велат тие, бидејќии нема каде да одат, повторно ги градат.

НОВА побара објаснување од град Скопје за утрешнава акција, која е потврдена од канцеларијата на Трајановски. Оттаму велат, рушеле согласно законот.

„Градот Скопје согласно законот за јавна чистота член број 18 и по барање на сопственикот на парцелата изврши расчистување на теренот на посочената локација. Расчистувањето се изврши во координација со Министерството за труд и социјална политика. Локацијата е дел јавна површина и дел е неуредено градежно земјиште“ е одоговорот кој го доби НОВА.

За невладините организации надлежните служби постапуваат нехумано а најодоговорно за животот на овие бездомници велат дека е Министерството за труд и социјална политика.

– Проблемот го лоцирам во надлежните институции, пред се Министерството за труд и социјална политика, кое треба да се грижи за овие луѓе бездомници, и тоа во одредени прифатилишта каде што ќе можат нормално да живеат, пред се децата. Нивните импровизирани домови секако дека се дивоградби, тие ги направиле бидејќи некаде треба да живеат, потенцира Љатифе Шиковска од невладината „Амбрела“.

Според неа Секторот за бездомници при Труд и социјална политика треба почесто да излегува на терен и да најде решение за овие луѓе бидејќи години наназад овој проблем стои нерешен и се случуваат слични работи.

– Не може туку да дојдете и да рушите без претходно да ги дислоцирате на место каде што тие ќе живеат соодветно, напоменува таа.

Сопственик на дел од земјиштето кое утрово ги остави стотина Роми без покрив над главата е  Амадеус Груп ДООЕЛ.

Град Скопје заедница импровизирано живеалиште куќа Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.