Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН не усвои резолуција за Сирија, Западот се спрема за воена акција

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за безбедност на ОН синоќа трипати не успеа да усвои резолуција по последниот случај на употреба на хемиско оружје во Сирија минатата недела во Дума, во Источна Гута, по што САД и сојузниците размислуваат за преземање воени акции.

Русија стави вето на барањето на САД во Советот за безбедност на ОН да се отвори нова истрага за откривање на виновниците за хемиските напади во Сирија, по што следеа две руски предлог-резолуции, кои не беа изгласани.

Русија ги обвини САД, Франција и Велика Британија дека предложиле текст за усвојување, за кој знаеле дека Москва ќе стави вето, како изговор за да преземат воени активности.

Русија и западните земји со свои резолуции, ниту една не помина

Русија стави вето на предлог-резолуцијата на САД, која беше поддржана од 12 држави. Кина беше воздржана. Нацрт-резолуцијата предлагаше формирање на „нов независен истражен механизам на ОН” за употреба на хемиско оружје во Сирија со едногодишен мандат. Тоа е 12-то вето на Русија на предлог-резолуции за Сирија од почетокот на војната во 2011 година.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон оцени дека Русија го држи сирискиот народ како заложник, затоа што не ја поддржале предлог-резолуцијата на САД.

– Многу разочарувачки е тоа што Русија го искористи ветото, а Кина остана воздржана за предлогот да се отвори независна истрага за нападите со хемиско оружје во Сирија. Русија го држи народот на Сирија како политички заложници со тоа што поддржува режим кој е одговорен за најмалку четири напади со хемиско оружје, изјави Џонсон.

Веднаш потоа, СБ на ОН ја отфрли руската предлог-резолуција за создавање механизам за истраги за употреба на хемиско оружје во Сирија. Рускиот текст не ја доби поддршката од неопходните девет од вкупно 15 гласови. Предлог-резолуцијата беше поддржана од шест држави, девет беа „против“, а две воздржани.

Западните земји го критикуваа недостигот на независност во прелдожениот механизам за истраги. Во рускиот текст беше предложено иследниците да поднесат извештај до Советот за безбедност на ОН, кој потоа ќе одреди кој е одговорен за таквите напади.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли изјави дека нацрт-резолуцијата предложена од Москва не предвидува независност и објективност, бидејќи на Русија би и било овозмоќено да ги блокира резолтатите на истражното тело.

Потоа и Шведска поднесе предлог-резолуција, дополнета со барања на Русија. Текстот доби поддршка од пет држави, меѓу кои Русија и Шведска, пет беа „против“ – вклучително и САД и Велика Британија, а шест се воздржаа.

За да може нацрт-резолуцијата да биде усвоена од СБ на ОН, таа мора да добие најмалку девет гласови и да не биде ставено вето од страна на постојаните членки – Русија, Кина, Франција, Велика Британија и САД. Вето може да се стави дури и ако текстот е поддржан од најмалку девет членки.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) вчера соопшти дека ќе испрати свои иследници во Дума, каде што опозициските активисти велат дека десетици лица загинале во хемиски напад на 7 април. ОПЦВ може само да потврди или да негира употреба на хемиско оружје, но не и да ги посочи извршителите, потсетува АФП.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Јужна Америка за да се фокусира на одговорот на Вашингтон на наводните хемиски напади во Сирија. Тој потенцираше дека одговорот ќе следува набрзо. Трамп имаше и телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј за понатамошни воени дејствија во Сирија.

– Нападот извршен во Дума, е варварски. Очигледно е дека итно работиме со нашите сојузници и партнери за да се процени што се случило на терен, рече таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе се координира со САД и Велика Британија и за неколку дена ќе ја соопшти одлуката за преземање воена акција во Сирија. Макрон, претходно, во неколку наврати потенцираше дека употребата на хемиско оружје е „црвената линија“ која повлекува сериозни реперкусии.

Сирија во 2013 година се согласи да се откаже од своето хемиско оружје, откако стотици луѓе загинаа во нападот со отровен гас во предградијата на Дамаск, кои се наоѓаа бунтовниците. Оттогаш, во неколку наврати постоеше сомнение дека сириската власт врши хемиски напади во области под контрола на бунтовниците.

резолуции Русија САД СБ на ОН хемиски напад Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.