Полскиот град Катовице денеска е домаќин на 24. годишна Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24). На самитот ќе учествуваат лидери од повеќе од 200 држави.
Конференцијата е значајна поради тоа што 19 од 20. земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година.
Поради Конференцијата за денеска се предвидени и демонстрации на активистите кои се залагаат за престанок на употребата на јаглен во Полска. Земјата во моментот го користи овој ресурс во 80 отсто за задоволување на своите енергетски потреби.