Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Онесвестениот“ Марко е истото момче кое плука таргетирани новинари

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Момчето Марко кое вчера се онесвести на пресот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е истото кое пред неколку месеци прогонуваше новинари и јавни личности и вербално ги напаѓаше, а сето тоа го снимаше со камера. Младото момче го препозна новинарот на НОВА ТВ, Борјан Јовановски, кој во март годинава беше нападнат во скопскиот ресторан „Воденица“. Тој прво го нарече Јовановски предавник, а потоа го плукна и замина. Додека се случуваше сево ова, друго момче го снимаше инцидентот.

https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/videos/1652946164722400/

„Марко, младото момче кое е на слика со претседателот на ВМРО ДПМНЕ е истата личност која во месец март влета во ресторанот Воденица за да ми го пренесе ставот на партискиот врв. Жалам за Марко кој очигледно својата младешка енергија ја ставил на располагање на дневната политика на најпримитивен можен начин, но тоа мислам дека е проблем на неговото семејство. Она што мене ме загрижува е што во 21 век имаме политичка структура која при остварувањето на своите цели не бира никакви средства и злоупотребува млади луѓе на најпримитивен начин. Навредата која ја доживеав е навреда која стига од многу конкретна адреса- лично на лицето Никола Груевски кој на својот ФБ профил се гордее со таквата младина“, вели новинарот Јовановски.

Јовановски во март инцидентот го пријави во полиција, а утрово повторно се обрати во МВР за да го потврди идентитетот дека се работи за истото лице. Во првиот случај како насилник, а вчера како „онесвестено“ младо момче од ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната прес конференција на Груевски, во еден момент на Марко му се слоши и паѓа на земја, но никој од неговите сопартијци не реагира, а лидерот продолжува да зборува. Момчето многу брзо се опоравува и станува и потоа се тргнува од пултот. По неколку часа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објави слики со Марко на неговиот Фејсбук профил каде напиша:

„Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект. На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи!“

Во периодот кога беше нападнат Јовановски, на тапет беа повеќе јавни личности кои беа таргетирани од поранешната власт како Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Златко Ориѓански, Бранко Тричковски.

Инцидентот во март не беше прв напад на Борјан Јовановски. Пред две години непознато лице се појави пред семејната куќа и на неговата сопруга и остави мртовечки венец со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот„ е од Тодор Александров. И овој случај е пријавен во полиција.

Борјан Јовановски ВМРО-ДПМНЕ Марко Никола Груевски онесвести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.