Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОПМ: Најмногу поплаки од граѓани за технички производи и за бела техника

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Технички производи, бела техника и производи во домот се меѓу најзастапените во рекламациите на потрошувачите. Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) покажуваат дека мобилните телефони и телевизорите се најчеста причина за поплаки на оштетени клиенти во категоријата технички производи, а машините за перење, фрижидерите и инвертерите меѓу белата техника. Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот.

Од категоријата општо во која потрошувачите пријавуваат проблеми со попусти, недоставени производи, барање на информација и слично, најголем број поплаки се однесувале
на категоријата „недоставен производ“, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не
им бил навремено доставен производ што бил нарачан и платен.

Меѓу услугите најзастапени се поплаките за туристичките агенции кои се однесуваат на изгубени куфери при трансфер со автобус.

Кај јавните услуги – телекомуникациските, електрична и топлинска енергија, евидентирани се проблеми во сите. Кај телекомуникациските услуги, граѓаните се жалеле на сметки, а во делот на електрична и топлинска енергија за сметки и за застарени сметки.

Во делот на специјалистичките советувања, најзастапени биле проблеми со осигурувањето, додека
поплаките за храна и домување се сведени на минимум, имајќи го предвид, наведуваат од Организацијата, фактот дека АХВ има бесплатна линија за поплаки и Одделение за заштита на потрошувачи.

Според ОПМ, иако бројката на поплаки за финансиски советувања била мала, дел од советите се однесувале на проблеми со кредитите, каматната стапка и трошоците за заверување кај нотар кои дополнително се наплатуваат.

Најголем дел од советувањата на граѓаните се остварени во советувалиштето на ОПМ во Скопје, односно 58 отсто. Во советувалиштето во Скопје се евидентирани и поплаки од 199 потрошувачи од други градови. Во вкупниот број совети се евиднтирани осум отсто од ОП Охрид, осум отсто ОП Битола, осум отсто ОП Штип, а 11 отсто од вкупниот број советувања се остварени од страна на Организацијата на потрошувачите на Кочани.

Организацијата нуди и ИТ механизми за електронско водење на советувања и статистичка анализа. Зголеменото користење интернет како канал за комуникација создава потреба од развој на онлајн алатки за подобрување на комуникацијата со корисниците на услуги од ОПМ. За таа цел е креирана апликација за електронско поднесување поплаки од потрошувачи која е поставена на веб-страницата на ОПМ (www.opm.org.mk), https://mantikor.mk/opm_temp/indexpublic.php/.

Бела техника ОПМ Поплаки Потрошувачи производи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.