Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата бара, власта денеска ќе потврди дека ќе нема предвремени избори

0
By НОВА ТВ Terziova on June 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалициските партнери од власта денеска во 13 часот во Владата ќе одржат средба, на која, како што најави премиерот Димитар Ковачевски, се очекува меѓу другото да се реафирмира ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.

По завршување на средбата, како што информира владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.

Ковачевски најави дека целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

– Меѓудругото, ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот на Буџетот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите, суровините, предизвикани од нападот на Русија врз Украина – изјави Ковачевски завчера, одговарајќи на новинарски прашања за време на учеството на Преспа форумот за дијалог.

Тој најави и дека ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на Европската унија.

– Тоа ќе биде позитивна средба на која граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи таму единствено гледаме деструкција и блокирање – рече Ковачевски.

Опозицијата, пак, вчера на протест пред Владата побара предвремени парламентарни избори, а доколку летово нема договор за вакво нешто, најави целосна блокада на институциите и протести. Блокадата, како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе биде за спас од штетата која сега ја плаќаме.

– Некој ќе праша – дали од сето ова ќе има штета. Одговорот е дека најголемата штета сега ја плаќаме, а нашата блокада ќе биде за спас од таа штета. Нема време за чекање затоа што кризата ќе биде уште поголема и уште пофатална. Најтешката зима следи, а со оваа влада ќе биде вистинско економско цунами за народот – рече Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ избори Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.