Пред Владата на Република Македонија се собираат симпатизери на опозицијата, а таму доцна вечерва пристигна и носителот на изборната листа на СДСМ во првата единица каде што опозицијата понесе убедлица победа. Пред владата се мести и бина, блокиран е булеварот „Илинден“, како и „Свети Климент Охридски“. Нивните поддржувачи пристигнуваат од сите страни со знамиња и транспаренти.

Според досега изброените гласови процесуирани во 66 проценти од избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ има 272 илјади гласови, а СДСМ 245 илјади. Од друга страна, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие ги победиле СДСМ со 20,000 гласови. Се очекуваат комплетните резултати од Државната изборна комисија.