Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан и Јанша дојдоа да му кажат на Груевски: Не се мешаме во изборите

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вчера од Охрид му порачаа дека не сакаат да се мешаат во локалните избори во Македонија, иако Груевски им се пожали дека атмосферата во која се одвивале овие локални избори била лоша и непријатна. Рекоа дека со внимание ќе ги следат случувањата во земјата поврзани со изборите.

-Јас како премиер на Унгарија не можам да се мешам во изборна кампања во Македонија, но би сакал да им порачам на граѓаните на Македонија дека за нас Македонија е многу важна држава и затоа изборите тука се и европски избори.Европските десни партии очекуваат наредните локални избори да бидат фер и демократски.Ние сите ќе дојдеме тука и одблиску ќе набљудуваме, рече Орбан.

 

-Пред вас се локални избори и не би сакал непосредно да се мешам во тоа. Со оглед на случувањата на политичко и законодавно поле би кажал дека очекуваме некакво селективно правно или злоупотребување на правосудството. Но, на тие избори тоа нема да игра некаква улога на фактор.Тоа би било негативно за имиџот на целата држава.Тука не се работи за некоја конкретна поддршка на некоја партија која што се натпреварува на тие локални избори туку се работи за подршка на демократијата. Во интерес на демократијата е да не се злоупотребуваат тие процеси, рече Јанша.

Груевски им се жалеше на притисоци, Орбан на заканата од мигранти

Груевски уште се пожали на, како што кажа, големиот притисок со кој се соочувале медиумите во Македонија, судиите, администрацијата и странските инвеститори, иако во негово време се случија апсења на новинари, затворање на медиуми, а земјата падна на најдолните скалила во однос на слободата на медиумите во светски рамки.

-Зад нас има бројни инциденти, нерегуларности, злоупотреби. За жал и пукање и ранети луѓе и тоа е многу загрижувачко во однос на одржување на фер и демократски избори. Информирав и за злоупотрсбата која се прави од владеачката гарнитура во правец на секојдневно испраќање и пуштање на кривични пријави на нашите кандидати за градоначалници со цел да го нарушат нивниот имиџ.Тоа укажува дека нашите опоненти се свесни дека ќе ги загубат овие избори и се многу исплашени поради тоа. Тоа не е добро во однос на создавање на една атмосфера за фер и демократски избори. Ги информирав за огормниот притисок со кој се соочени во Македонија медиумите, судовите низ судовите, администрацијата и странските инвеститори, рече Груевски.

Орбан пак предупреди дека Македонија и регионот повторно можат да се соочат со проблемот со мигрантите и оти Македонија била клучна држава во тој процес.Според унгарскиот премиер патниот правец низ кој се очекува повеќе десетици милиони мигранти да дојдат во Европа е правецот на Балканската рута.

-Најновите студии на НАТО кажуваат дека до 2020 година околу 60 милиони лица од Африка ќе тргнат во насока на Европа и затоа клучно прашање за безбедноста на Европа е затворање на западно балканскиот мигрантски правец.Тука Македонија има клучна улога. Го замолив Груевски и понатаму да направи се што може, Македонија да направи се што може, да ја спречи таа преселба на народите во насока на Европа, бидејки доколку таа маса на луѓе во наредните години помине низ нашите територии тогаш условите за живот во нашите држави радикално ќе се сменат, рече Орбан.

Орбан истакна дека како и досега, така и во иднина ќе стоел покрај Груевски, бидејќи тој бил тој кои ги чувал интересите на нацијата и татковината.

 

-На нас ни се потребни успешни приказни.Додека  Груевски беше на чело на оваа држава, Македонија беше една успешна приказна и Македонија ќе може да стане членка на ЕУ, само ако оваа приказна за успех ќе продолжи, дококлку економијата и националниот доход и понатаму растат, кажа Орбан.

Орбан и Јанша се лидери на сестрински партии од ВМРО ДПМНЕ.

Виктор Орбан Јанез Јанша локални избори 2017 Никола Груевски Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.