Унгарскиот Врховен суд одобри одржување на референдум во земјата за предлогот на Европската унија за обврзувачка квота на бегалци.
Прашањето на референдумот ќе гласи „Дали сакате ЕУ да распише обврзувачко населување во Унгарија, на луѓе кои не се државјани на Унгарија, дури и без Парламентот да го прифати тоа?“.
На ова прашање ќе се одговара до крајот на годината.
Според аналитичарите, овој референдум инициран од власта, е само пропаганден обид на премиерот Виктор Орбан за политичка поддршка, бидејќи анти-бегалската реторика е прифатлива во земјата.
Орбан веќе има истакнато дека со гласањето „не“ на референдумот се дава придонес кон „независноста на Унгарија“.
За референдумот да биде валиден, треба над 50 отсто од граѓаните да излезат и да го кажат својот збор.